Модна недела во Њујорк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ревија на Синтија Ровли на Модната недела во Њујорк, пролетта 2007
Mилагрос Шмол чекори на модната писта на Кусто Барселона, пролетта 2009 година на ревијата во Њуjорк)
Сисели Тајсон во бекстејџот на Модната недела во Њујорк 2009 година

Полугодишната Модна недела во Њуjорк, брендирана како Мерцедес Бенз Модна Недела во 2009 година, се одржува секоја година во Њуjорк во февруари и септември. Претставува една од најголемите модни недели што се одржуваат во светот (покрај модните недели во Париз, Лондон и Милано). Taa генерално трае 7-9 дена. На неа, меѓународните модни колекции се прикажуваат пред купувачите, печатот и пошироката јавност.

Историја[уреди | уреди извор]

Првата модна недела во Њуjорк, тогаш наречена Недела на Печатот, била првата организирана модна недела во светот. Настанот бил одржан во 1943 година со намера да го одвлече вниманието од француската мода во времето на втората светска војна, кога луѓето од модната индустрија не биле во можност да патуваат во Париз за да ги видат француските модни ревии. Модната новинарка Еленор Ламберт го организирала настанот кој самата го нарекла 'Недела на печатот ', со цел да ги претстави Американските дизајнери на модните новинари, кои претходно ги занемарувале нивните иновации. ( На купувачите не им бил дозволен влез на ревиите, наместо тоа морале да ги посетуваат изложбените салони ). Неделата на печатот била успешна, а модните списанија како Вог, кои обично биле исполнети со француски дизајни, сè повеќе почнале ја промовираат американската мода.

Во 1994 година настанот бил преместен на местото каде што денес се наоѓа Брајан Парк и бил одржан внатре во редицата поставени бели шатори во паркот. Луѓето од модната индустрија, модниот печат, од електронскиот моден печат (пр.Дистрикт Л, Фашиониста, ФВД) и разни познати личности можеле да влезат само со покана. Во почетокот на февруари 2009 година (ревијата есен 2009г.) многу дизајнери ги повлекоа своите шатори за моднте ревии во Брајан Парк поради сегашната економија и одржаа помали презентации. На модната недела Есен 2009 јавноста ја забележа технологијата која има влијание на идната мода. Не само што е поевтино и полесно дизајнерите да ги создадат своите колекции, туку и се заштедува време потребно за патување на оние кои ги ставаат своите модни линии на интернет. Многу дизајнери се одлучија не само да рекламираат на интернет, туку и да прават ексклузивна продажба. Дизајнерката Норма Камали и брендот Поло Ралф Лорен Рагби се значајни за Ејпл Ајфон (Apple iPhone). На ревијата на Вивиен Там моделите шетаа по пистата носејќи Хевлет Пакард мини компјутери, наместо очекуваните ташни. Поради рецесијата која погоди голем дел од светот дизајнерите не се појавуваа многу често на телевизија есента 2009 година. Претходните години модните куќи очекуваа трошок од 750 000 долари за да се направи квалитетна модна ревија. Идејата да се користат кукли за да се изложи облеката беше на дизајнерите Бетси Џонсон и Вера Ванг со цел да се скратат трошоците за модните ревии. Мара Хофман, Серџо Давила и Николас К. заштедија 40% од нивните трошоци ставајќи ги своите различни модни линии во една ревија. Друг тренд прикажан на модната недела Есен 2009 е рецесивна мода. Парчињата облека што биле изложени можат да се носат во есен и во пролет. Популарните спојки кои се носеле со ролки биле со светла боја и можеле да се носат во зима и во пролет. Долгите сакоа биле воведени од Вера Ванг и Керен Вокер и можеле да се носат за повеќе пригоди. Поради зголемениот притисок од Управата на Брајан Парк, Мерцедес Бенз модната недела за првпат ќе се одржи во Дамрок Парк во Центарот „Линколн“ за сценски уметности.

Модна недела на Игал Азруел, пролет 2008 модна недела во Њуjорк.

Мерцедес Бенц модната недела е можеби најпознатиот настан што се одржува во текот на модната недела во Њуjорк, но не и единствен. Многу врвни дизајнери како што се Ралф Лорен, Доа Каран, Келвин Клајн и Марк Џејкобс ги прикажуваат своите колекции на други места. Голем број на други модни ревии и настани се одржуваат во градот во текот на модната недела во Њуjорк, вклучувајќи ги Модна недела за луксузна облека во Њуjорк во Валдорф - Асторија и електронска модна недела од електонска модна мрежа и Групација електронска Концепт Медија која се фокусира на новите и независни дизајнери.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]