Анастасија Безрукова

Од Википедија — слободната енциклопедија

Анастасија Дмитриевна Безрукова (руски: Анастасия Дмитриевна Безрукова, 5 јануари 2004) - руска детска манекенка и глумица.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Анастасија Безрукова е родена во Москва . На десетгодишна возраст, таа била една од најбараните детски модели во Европа. Безрукова била модел за брендови како Бенетон, Пинко, Москино. Таа исто така била на насловната страница на Vogue .[2][3][4]

Во 2016 година ја играла една од главните улоги во филмот „Млечниот Пат“.[1][5]

Понатаму, во октомври 2015 година Безрукова се приклучила на глумечката екипа на уште еден филм на Ана Матисон, насловен како Откако ќе те нема.[1] За нејзината улога, таа посетувала приватни часови за танц од кореографот Раду Поклитару и часови по глума од танчерот на балет во театарот „Бољшои“ во Москва. Повторно глумела како ќерка на пензиониран балетан кој се соочува со напредувачка болест.[6] Сценариото е напишано со Безурукова во умот, но без да знае дека таа вежбала ритмичка гимнастика и поради тоа немало да бара лице што ќе го заменува главниот лик во филмот.[7]

Таа исто така има настапувано во музички спот со наслов „Несоница“.[1][8]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Година Наслов Оригинален наслов Улога Белешки
2016 година Млечниот Пат Млечный путь Лиза Кајгородова
2017 година Откако ќе те нема После тебя Кјара

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Анастасия Безрукова, Актриса: фото, биография, фильмография, новости - Вокруг ТВ. (руски). Vokrug TV. Посетено на 2017-03-11.
  2. „Подвинься, Пименова! 10-летняя Настя Безрукова покоряет модный мир“. Woman.ru. 2014-09-12. Архивирано од изворникот на 2017-01-09. Посетено на 2017-03-11.
  3. „Дочь Сергея Безрукова – самая известная девочка-модель в мире“. Komsomolskaya Pravda. 2015-03-26. Посетено на 2017-03-11.
  4. Две "самые красивые в мире девочки" Анастасия Безрукова и Кристина Пименова провели совместную фотосессию - фото / Наша Газета - свежие новости Екатеринбурга и Свердловской области (руски). Nasha Gazeta. Архивирано од изворникот на 2018-10-04. Посетено на 2017-03-11.
  5. Спутник телезрителя - "Млечный путь": Притяжения больше нет (руски). Kinoteatr.tu (Кино-Театр.РУ). 2017-01-05. Посетено на 2017-03-11.
  6. Пять самых заметных фильмов «Кинотавра». Komsomolskaya Pravda (руски). 2016-06-16. Посетено на 2017-03-11.
  7. Сергей Безруков станцует в Токио - Культура, Кино - МК. Moskovskij Komsomolets (руски). 2016-10-05. Посетено на 2017-03-05.
  8. „Внучка Фантаста - Sleeplessness - HQ - YouTube“. Посетено на 2017-03-11.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]