Валтер Ниг
Изглед
Валтер Ниг | ||
Роден | 6 јануари 1903 Луцерн, Швајцарија | |
---|---|---|
Починал | 17 март 1988 Bülach, Швајцарија инфаркт | |
Занимање | швајцарски теолог, свештеник и историчар на црквата. |
Валтер Ниг — швајцарски реформиран теолог и историчар на црквата.
Ниг студирал филозофија и евангелска теологија на универзитетот во Гетинген, Лајпциг и Цирих. Во Деникон крај Регенсдорф бил свештеник во тамошната црква, а во Цирих бил почесен професор за црковна историја.
Во своите книги на мошне длабок и суптилен начин портретирал бројни познати но и заборавени фигури од историјата на христијанството: светци, мислители, уметници и кривоверци. Дал важен придонес за екуменскиот пристап во христијанските конфесии.
Својата лична библиотека која броела илјадници книги низ целата негова куќа, ја дал во наследство на институтот за екуменски студии при универзитетот во Фрајбург.[1]
Дела
[уреди | уреди извор]Делумен список на книгите напишани од Валтер Ниг:
- Религиозниот момент кај Јохан Хајнрих Песталоци (Das religiöse Moment bei Johann Heinrich Pestalozzi). De Gruyter, Berlin/Leipzig 1927
- Големите светци (Große Heilige). Artemis, Zürich 1946
- Книга на кривоверците (Das Buch der Ketzer). Artemis, Zürich 1949
- Книга на кривоверците (Das Buch der Ketzer)Diogenes Verlag AG, Zürich 1985 ISBN 978-3-257-21460-4
- Малер вечниот. Медитации за религиозната уметност. Матијас Гриневалд - Микеланџело - Ел Греко - Рембрандт (Maler des Ewigen. Meditationen über religiöse Kunst. Matthias Grünewald – Michelangelo – El Greco – Rembrandt). Artemis, Zürich 1951
- Пророчки мислители (Prophetische Denker). Artemis, Zürich 1957
- Пророчки мислители - Не згаснувајте го Духот (Prophetische Denker - Löschet den Geist nicht aus) Verlag DAS WORT, Rottweil 1986 ISBN 3-89201-004-8
- Тајни мудрости. Мистичарскиот живот во евангелистичкото христијанство (Mystisches Leben in der evangelischen Christenheit). Artemis, Zürich 1959
- Големите не-светци. (Große Unheilige) Walter, Olten 1980
- Светци и поети (Heilige und Dichter). Walter, Olten 1982
- Мари Вард. Една жена која не се предава (Mary Ward. Eine Frau gibt nicht auf). Don-Bosco, München 1983
- Ѓаволот и неговите слуги (Der Teufel und seine Knechte). Walter, Olten 1983
Натамошна литература
[уреди | уреди извор]- Walter Seidel: Walter Nigg – ein Leben mit den Heiligen. In: Walter Nigg: Friedrich von Spee. Ein Jesuit kämpft gegen den Hexenwahn. Bonifatius, Paderborn 1991, S. 83–106, ISBN 3-87088-654-4
- Uwe Wolff: „Das Geheimnis ist mein“. Walter Nigg – eine Biographie. TVZ, Zürich 2009, ISBN 978-3-290-17509-2
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Aus Liebe zu den Unvollkommenen Zum hundertsten Geburtstag von Walter Nigg
- Биограф на светци и кривоверци (германски) Ökumene-Institut eröffnet Walter-Nigg-Bibliothek
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ „Das Geheimnis ist mein“. Walter Nigg – eine Biographie. TVZ, Zürich 2009
|