Беди Ибрахим
Беди Ибрахим (турски: Bedi Ibrahim; Скопје, 1959) е македонски вајар, сликар, професор и сценограф.
Животопис
[уреди | уреди извор]Ибрахим е роден во Скопје, во 1959 година. Тој е дел од првата генерација вајари, дипломирани во 1985 година на ФЛУ, на одделот за скулптура, во класата на Петар Хаџи Бошков, каде ги завршил и постдипломските студии (во 1999 година).[1][2] Од 2002 година, работи како вонреден професор на вајарскиот оддел на ФЛУ.[3]
Творештво
[уреди | уреди извор]Освен со скулптура, Ибрахим се занимава и со сликарство и сценографија. Неговото творештво е исполнето со хуманистичка дарба и со верба во смислата на современото уметничко дејствување, а критиката го оценува како автор кој ја чува ризницата на интеркултурното наследство, облагодарувајќи ја нашата сегашност со минатото.[4]
Ибрахим реализирал преку самостојни 20 изложби во Македонија и во странство, а имал и бројни групни учества на локалната и меѓународна сцена. Од 1985 до 1990 година бил дел од култната уметничка група „Зеро“[5] Во 1997 година, тој бил единствениот претставник на Македонија на 5. Истанбулско меѓународно биенале. Во јануари 2010 година имал изложба во галеријата МС во Њујорк, каде изложил триесетина цртежи и слики, изработени во комбинирана техника.[2] На 14 ноември 2014 година, во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци била отворена изложба на делата на Ибрахим, во рамките на проектот „Кич, да!? Сте или не“.[6]
Како признание на неговото творештво, Ибрахим е добитник е на три национални и меѓународни награди.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Дела на Беди Ибрахим во Кавадарци“, Дневник, година XVIII, број 5617, петок, 14 ноември 2014, стр. 23.
- ↑ 2,0 2,1 Димитровска, Елена (5 јануари 2010). „Дела на Ибрахим и Башески во Њујорк“. Форум. Посетено на 2010-01-08.[мртва врска]
- ↑ „список на наставници кои изведуваат настава на постдипломски студии“. Факултет за ликовни уметности. Посетено на 2010-01-08.
- ↑ „http://culture.in.mk/story_mk.asp?id=30433&rub=36“. Culture in Macedonia. Посетено на 2010-01-08. Надворешна врска во
|title=
(help)[мртва врска] - ↑ .„Изложба на Ибрахим Беди во Културниот центар "ТОЧКА"“. Контрапункт. Архивирано од изворникот на 2012-07-17. Посетено на 2010-01-08.
- ↑ „Дела од Беди Ибрахим во Кавадарци“, Дневник, година XVIII, број 5617, петок, 14 ноември 2014, стр. 23.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Список на изложби Архивирано на 17 јули 2012 г.