Базилика Свети Стефан
Базилика Свети Стефан/Свети Стефан | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Будимпешта, Унгарија |
Координати | 47°30′03″N 19°03′14″E / 47.500833° СГШ; 19.053889° ИГД |
Припадност | Римски католицизам |
Архитектонски опис | |
Архитектонски стил | Неокласика |
Завршен | 1905 |
Особености | |
Должина | 87,4 м |
Ширина | 55 м |
Висина (најг.) | 96 м |
Базиликата Свети Стефан или Свети Иштван (унгарски : Szent István-bazilika) е базилика/црква која се наоѓа во Будимпешта, Унгарија и е во склопот на Римокатоличката црква. Црквата била изградена во 1905 година во неокласичен стил, и е посветена на првиот унгарски крал Стефан I (или Стефан I), чија мумифицирана рака се чува во базиликата.
Архитектура
[уреди | уреди извор]Своето име црквата го има добиено од унгарскиот светец, а воедно и прв крал на Унгарија Стефан I (975–1038 год.), чија мумифицирана десна рака е чувана во посебен кивот во базиликата.
Еднаква со зградата на унгарскиот парламент, таа е една од двете највисоки згради во Будимпешта, висока 96 m. Според последните пресметувања не постои повисока зграда во градот од 96 m.[1] Има широчина од 55 m и должина од 87.4 m. Нејзината изградба била довршена во 1905 година, после 54 години градење. Голем дел од ова одложување му се припишува на колапсот на куполата во 1868 година, која барала целосно уривање на завршените работи и обнова од земјата нагоре.
Архитектонскиот стил е во неокласична архитектура; а земниот план е во форма на грчки крст. Фасадата е всидрена со две големи бели ѕвона. Во јужната кула се наоѓа највисокот ѕвоно во цела Унгарија, кое тежи околу 9 тони. [2] Неговиот претходник имал тежина од околу 8 тона, но бил употребуван за воени цели за време на Втора светска војна. Посетителите можат да пристапат до куполата со лифт или ако сакаат да имаат поглед на Будимпешта од 360° треба да се искачат по 364 скалила.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Страничен поглед на базиликата.
-
Базиликата Св. Стефан (Стефан)
-
Базиликата навечер
-
Внатрешноста
-
Купола
-
Воздушен поглед на базиликата.
Наводи
[уреди | уреди извор]„Базилика Свети Стефан“ на Ризницата ? |
- ↑ http://budapest-travel-blog.blogspot.com/2010/05/parliament-of-hungary-number-one-must.html Архивирано на 11 февруари 2017 г. - Monument Overview: The Parliament
- ↑ www.hungarybudapestguide.com/budapest/basilika.php - About Saint Stephen's Basilica
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјално мрежно место Архивирано на 12 март 2009 г.
- Хорот на базиликата. Архивирано на 21 јули 2011 г.
- Официјален 3Д виртуелен приказ на Базиликата Свети Стефан (38 панорамски слики, детален опис на англиски, германски и унгарски јазик). Архивирано на 2 август 2016 г.
- Внатрешноста на базиликата.
- Сместување блиску до базиликата.
|