Аралкум
Аралкум | |
---|---|
Аралкум со остатоците од Аралското Езеро во 2021 | |
Анимирана карта од сушењето на Аралското Езеро, и од растењето на Аралкум | |
Географија | |
Земја | Узбекистан и Казахстан |
Координати | 45°00′N 60°30′E / 45° СГШ; 60.5° ИГД |
Пустината Аралкум е пустина која почнала да се појавува од 1960 година на дното од поранешното Аралското Езеро. Се наоѓа јужно и источно од остатоците од источниот басен на Аралското Езеро во Узбекистан и Казахстан. Таа е најновата пустина на светот.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Иако нивото на Аралското Езеро било променливо во текот на постоењето, тоа набрзина почна да опаѓа во 1960-тите [2] како резултат на изградбата на системи за наводнување во регионот од страна на Советскиот Сојуз. Намалениот доток во езерото предизвикал пад на нивото на водата во Аралското Езеро. Нивото на Северното Аралско Море се подигнало по изгрдадбата на Кокаралската брана, а Јужното Аралско Море постојано опаѓало, при што пустината се проширувала сè до 2010 година, кога Јужното Аралско Море било делумно повторно наполнато. Нивото на водата на Јужното Аралско Море потоа почнало повторно да опаѓа, овој пат уште побрзо.
Во август 2021 година, експедицијата на британската атлетичарка Рози Стенсер била првата која пеш поминала низ пустината Аралкум.[3]
Заглавени бродови
[уреди | уреди извор]Пред езерото да пресуши, рибата која се ловела од Аралското Езеро сочинувала една шестина од вкупниот улов на риба во Советскиот Сојуз.[4] Со повлекувањето на езерото, многу рибарски бродови и други чамци останале во пустината. Во поранешното пристаниште кај градот Мојнок, рѓосаните бродови станале туристичка атракција и тука започнал да се одржува фестивалот Стихија, најголемиот фестивал на електронска музика во Средна Азија.[4]
Загадување преку воздухот
[уреди | уреди извор]Песокот на Аралкум и прашината која потекнува од неа содржи загадувачи.[5] Пустината се наоѓа на место на силни воздушни струи запад-исток и загадената прашина се распространува низ целиот свет. Аралската прашина е пронајдена во полињата во Белорусија, шумите во Норвешка и во ледниците на Гренланд.[6] Пестициди од прашината се пронајдени во крвта на пингвините на Антарктикот.[7]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ geographyrealm (2014-05-28). „Aralkum Desert: The World's Newest Desert“. Geography Realm (англиски). Посетено на 2022-01-28.
- ↑ „Aral Sea Tours from 450 USD: your Travel to the Aral Sea will be unforgettable with Peopletravel!“.
- ↑ August 2021, Dana Khissimova in Central Asia on 30 (2021-08-30). „British Polar Athletes Explore Aralkum desert in Kazakhstan“. The Astana Times (англиски). Посетено на 2021-12-14.
- ↑ 4,0 4,1 Dowling, Stephen. „The ghostly fishing fleet stranded in a desert“. www.bbc.com (англиски). Посетено на 2022-01-28.
- ↑ Pandey, Anish Chandra; Jha, Niraj K (2007). „Central Asia: Democratic deficit and challenges of sustainable development“. Journal of Environmental Research and Development. 1 (4): 403–411. Архивирано од изворникот на 2017-12-17. Посетено на 11 February 2016.
Salt, sand, and dust from exposed Aral Sea mud beds blow across the region, harming people and crops. The excessive use of pesticides and fertilizers from farms has poisoned food and drinking water. The human cost of the crisis has been high in the Aral Sea area. For instance, infant mortality rates have consistently been the highest in the former Soviet Union
- ↑ „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 1 February 2016. Посетено на 2016-05-24. "...typical Aral dust has been found on Greenland's glaciers, in Norway's forests, and Byelorussia's fields, all situated thousands of kilometers away from Central Asia."
- ↑ Nurushev, A (April 1999). „Crisis of the Aral Sea“. Himalayan and Central Asian Studies. 3 (2): 50–58. Посетено на 11 February 2016.
... The effect of pollution is aggravated by the fact that the Aral Sea is situated on the "highway" where strong currents of air are blowing from the west to the east. ... That is why pesticides from the Aral region are found in the blood of penguins living in the Antarctic continent. ...
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Зигмар-В. Брекл: Борба против опустинување и санација на солените пустини во регионот на Аралското Море
- Валтер Вучерер: Примарна сукцесија на сувото морско дно на Аралското Море
|