Прејди на содржината

Аблатив

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вовед во аблативниот случај од латински учебник од 1903 година

Аблативот, кратенка абл, е падеж кој се користи, општо гледано, за да се искаже движење од нешто. Сепак, значењето кое аблативот го означува варира од јазик до јазик. Зборот „аблатив“ потекнува од латинскиот „ablatus“, кое е перфектен пасивен партицип од „auferre“ и значи „да носи“. Аблативот не постои во македонскиот, бидејќи македонскиот нема падежи.

Латински

[уреди | уреди извор]

Аблативот во латинскиот воглавно се користи прилошки за да модифицира глаголи. Аблативнот има бројни употреби.

Српскохрватски

[уреди | уреди извор]

Функциите на аблативот во современите српски, хрватски, босански и црногорски се изведени со генитивот. Именката во аблативен генитив означува потекло на нешто.

Санскрит

[уреди | уреди извор]

Аблативот е петтиот падеж во јазикот и има слична функција како тој во латинскиот.

Ерменски

[уреди | уреди извор]

Во западноерменскиот, аблативот користи наставка -e (непределен) или -en (определен).

Mart - маж
Marten - од мажот
Marte - од маж
Doon - куќа
D'nen - од куќата
D'ne - од куќа

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]