Компаративен падеж

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Компаративен падеж (comp) – падеж кој се користи во некои јазици како што се марискиот и чеченскиот јазик за да означи сличност со нешто.

Не треба да се меша со компаративот, многу пошироко користена парадигма за означување особина или својство на придавки и прилози изразени во поголема мера во одноc на тоа со кое се споредува.

Во марискиот јзаик, компаративниот падеж се означува со наставката „–ла“. На пример, ако нешто има вкус на риба (кол), обликот на компаративниот падеж ќе биде „колла“. Исто така се користи во однос на јазици за означување на јазикот кој некое лице го зборува, пишува или разбира. Во овој случај акцентирањето малку се разликува од стандардниот случај. Вообичаено, наставката не е нагласена. Кога пак се користи за јазици, таа е нагласена.

На чеченски јазик, се означува со наставката „-l'“. На пример, sha е 'мраз', shiila е 'ладно', па shal shiila е 'ладно како мраз'.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Зорина, З. Г., Г. С. Крылова, and Э. С. Якимова. Марийский язык для всех, ч. 1. Йошкар-Ола: Марийское книжное издательство, 1990;