Ubuntu

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ubuntu
Лого на Ubuntu
Ubuntu 15.10 with Firefox and Nautilus open.png
Ubuntu 15.10 (Wily Werewolf)
Разработувач Canonical Ltd. / Убунту фондација
Семејство Debian GNU/Linux
Работна состојба Актуелен
Изворен модел Слободен софтвер / Отворен код
Прво 20 октомври, 2004
Најново издание 15.10 / 22 октомври, 2015
Јазици повеќејазичен (на повеќе од 55 јазици)
Начин на поднова APT (со достапни front-ends)
Пакетен управувач dpkg
Подлоги i386 (x86), amd64 (x86-64), SPARC
Вид јадро Монолитско (Линукс)
Посредник GNOME
Лиценца GNU GPL, и други лиценци
Портал www.ubuntu.com

Убунту (изворно Ubuntu) е бесплатен оперативен систем кој користи Линукс јадро. Зборот „ubuntu“ е стар збор од Африка што значи човечност. Ubuntu е еден од најпознатите ГНУ/Линукс дистрибуции.

Целта на Ubuntu оперативниот систем е ажурирана и стабилна Линукс дистрибуција за корисниците и е силно фокусирана на нејзината искористеност. Ubuntu е дериват на Дебиан, уште една популарна дистрибуција. Ubuntu може бесплатно да се симне од официјалната страна или може бесплатно да се нарача преку пошта.

Проектот Ubuntu е започнат во 2004 од Canonical Ltd., застапена од јужно-африканскиот бизнисмен Марк Шатлворт. Бидејќи постојат повеќе работни околини, создадени се повеќе верзии на Ubuntu: Ubuntu, Kubuntu, Xubuntu, Edubuntu, Ubuntu MATE и Lubuntu.

Верзија Датум Име Повеќе информации
4.10 октомври 2004 Warty Warthog Првата верзија
5.04 април 2005 Hoary Hedgehog Креирана првата верзија на „Kubuntu“
5.10 13 октомври 2005 Breezy Badger Креирана првата верзија на „Edubuntu“
6.06 LTS 1 јуни 2006 Dapper Drake LTS-верзија, создадена првата верзија на „Xubuntu“
6.06.1 LTS август 2006 Dapper Drake Point One LTS-верзија, надградба
6.06.2 LTS јануари 2008 Dapper Drake Point Two LTS-верзија, втора надградба
6.10 26 октомври 2006 Edgy Eft експериментална верзија
7.04 19 април 2007 Feisty Fawn
7.10 18 октомври 2007 Gutsy Gibbon Креирана првата верзија на „Gobuntu“
8.04 LTS април 2008 Hardy Heron LTS-верзија
8.04.1 LTS јуни 2008 Hardy Heron Point One LTS-верзија, прва надградба
8.10 27 октомври 2008 Intrepid Ibex
9.04 23 април 2009 Jaunty Jackalope
9.10 29 октомври 2009 Karmic Koala
10.04 29 април 2010 Lucid Lynx LTS-верзија
10.10 10 октомври 2010 Maverick Meerkat
10.10 10 октомври 2010 Maverick Meerkat
11.04 28 април 2011 Natty Narwhal
11.10 13 октомври 2011 Oneiric Ocelot
12.04 LTS 26 април 2012 Precise Pangolin LTS-верзија
12.10 18 октомври 2012 Quantal Quetzal
13.04 25 април 2013 Raring Ringtail
13.10 17 октомври 2013 Saucy Salamander
14.04 LTS 17 април 2014 Trusty Tahr LTS-верзија
14.10 23 октомври 2014 Utopic Unicorn
15.04 23 април 2015 Vivid Vervet
15.10 22 октомври 2015 Wily Werewolf

Видете исто така[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]