GNOME

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Оваа статија е за софтверот "GNOME". За други значења на овој поим, видете GNOME (појаснување).

GNOME или GNU Object Model Enviornment е слободна повеќеподложна работна околина која што како стандардна графичка околина доаѓа со повеќето диструбиции на ГНУ/Линукс.

GNOME 2.12 на македонски јазик - ([1] кликнете за поголема слика)


GNOME е проект заснован на слободна програмска опрема наменета за развој на комплетна, едноставна за употреба работна околина. Покрај вклучените централни компоненти за работната околина како што се системските менија, датотечниот менаџер, интернет прелистувачот и останатите алатки, GNOME е и комплетна развојна подлога која што им овозможува на програмерите да креираат нови апликации.

Повеќе од 500 програмери од секој континент, вклучувајќи и повеќе од 100 платени програмери со дел од своето време придонесуваат за овој проект. Проектот е спонзориран од индустриските лидери: Fluendo, HP, IBM, Novell, Red Hat и Sun. GNOME е поддржан на повеќе подлоги вклучувајќи го и ГНУ/Линукс (подобро познат како Линукс), оперативниот систем Solaris, „HP-UX“, UNIX, BSD, и Darwin на Apple.

Работната околина GNOME ја користат милиони луѓе низ целиот свет. GNOME е стандарден дел од сите водечки Линукс и Јуникс дистрибуции во светот, вклучувајќи ги и најпопуларните, како што се Debian, Fedora Core и SuSE и е стандардна работна околина на повеќе водечки бизнис Линукс дистрибуции како што се „Red Hat Enterprise Linux“ и Sun java desktop system. GNOME исто така е и работната околина која што се користи во некои од најголемите Линукс средини во светот вклучувајќи ги и Екстрамадура во Шпанија и Сао Паоло во Бразил. Технологијата на GNOME, за развој на своите производи ја користат и водечките независни производители на програмска опрема за Линукс. Можеме да ги спомнеме Firefox, проектот Eclipse, Real Networks и VMware.

Надворешни врски[уреди]