The Dresden Dolls

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

The Dresden Dolls
The Dresden Dolls: Аманда Палмер (лево) и Брајан Виљоне (десно)
The Dresden Dolls: Аманда Палмер (лево) и Брајан Виљоне (десно)
Основни податоци
ПотеклоСАД Бостон, Масачусетс, САД
Жанр(ови)Алтернативен рок
Панк рок
Дарк кабаре
Години активност2001 - денес
Веб-местоОфицијален вебсајт
Членови
Аманда Палмер
Брајан Виљоне

The Dresden Dolls (Д Дрезден Долс, превод од англиски: Куклите од Дрезден) е американски музички дует од Бостон, Масачусетс. Основана во 2001, групата се состои од Аманда Палмер (Amanda Palmer) (вокали, пијано, хармоника, укелеле) и Брајан Виљоне (Brian Viglione) (тапани, гитара, придружни вокали). Двајцата го опишуваат својот стил како "Брехтовско панк кабаре", фраза измислена од Палмер бидејќи била "ужасната" од помислата дека печатот ќе измисли име што "ќе го содржи зборот готик (gothic)". Тие се дел од движењето дарк кабаре што започнува во раните 90ти. Инспирирани се од уметноста на Бертолт Брехт и Курт Вејл.