Sikorsky UH-60 Black Hawk

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Црн Сокол над Ирак, 2004 година.

UH-60 Black Hawk (прев. црн сокол) е средно товарен хеликоптер со четири перки и два мотора изработен и произведен од компанијата „Сикорски Еркрефт“. „Сикорски“ го произведе моделот С-70 за Армијата на САД во 1972 година со надеж дека ќе биде избор на Армијата. Тој беше назначен како YUH-60A и беше избран како победнички хеликоптер во 1976 поразувајки го YUH-61 на „Боинг“. Црниот Сокол влегува во конечна употреба во 1979, заменуваки го тогашниот UH-1 Iroquois.

Дизајн[уреди]

Црниот Сокол има два ротора со по четири перки кои ги движат двата GE T700 мотора. Тој има долга и издолжена форма по условите на Армијата на САД за да може да го собере во транспортниот авион C-130 Hercules. Може да носи 11 опремени војници со целовкупна внатрешна тежина од 1,170 kg, а однадвор може да крене и до 4050 кг (се однесува на верзијата UH-60L/M)

Црниот Сокол е практичен хеликоптер и може да изведува повеќе видови операции, како што се превоз на војници, воздушно војување и спасување на војници. Исто така има и ВИП верзија која се користи за превоз на значајни лица, како премиер, претседател итн. Хеликоптерот кој го превезува Претседателот на САД е наречен „Marine One“. Тој може да носи 11 војници или пак муниција за војници на земјата. Црниот Сокол има развиено и голем број на електронски апарати и сензори, како што е ГПС, системот за глобано позиционирање.

Цената на еден Црн Сокол може многу да варира. На пример, цената на еден Црн Сокол од типот UH-60L чини 5,9 милиони долари, додека надградениот MH-60G Pave Hawk на Воздухопловството на САД чини 10,2 милиони долари

Oперации[уреди]

Црниот Сокол влегол во употреба за прв пат со 101-та воздушна девизија во јуни 1979. Тој за прв пат бил употребен во војна во инвазијата на Гренада во 1983 година, па подоцна во Панама во 1989. За време на Заливната војна биле употребени повеќе од 300 црни соколи. Подоцна, во 1993, Црниот Сокол беше употребен во битката за Могадишо, во Сомалија, како подоцна и на Балканот и во Хаити. Tие сѐ уште се во употреба во Авганистан и Ирак.

Црниот Сокол е исто така во употреба и во Колумбија, Израел, Мексико, Тајван, Турција, Обединетите Арабски Емирати и други земји.

Карактеристики[уреди]

Скица на Црниот Сокол

Главни карактеристики[уреди]

  • Екипаж: 2 пилоти
  • Капацитет: 2,640 lb карго, вклучувајки 14 војници, или 8,000 lb (UH-60A) или 9,000 lb (UH-60L) надворешен товар кој го крева.
  • Должина: 64 ft 10 in (19.76 m)
  • Ширина на трупот: 7 ft 9 in (2.36 m)
  • Дијаметар на роторот: 53 ft 8 in (16.36 m)
  • Висина: 16 ft 10 in (5.13 m)
  • Тежина (празен): 10,624 lb (4,819 kg)
  • Тежина (наполнет): 22,000 lb (9,980 kg)
  • Максимална тежина со која може да полета: 23,500 lb (10,660 kg)
  • Мотори: 2× General Electric T700-GE-701C, 1,890 коњски сили (1,410 kW) секој

Перформанси[уреди]

  • Максимална брзина: 159 kn (183 mph, 295 km/h)
  • Нормална брзина: 150 kn (173 mph, 278 km/h)
  • Радиус во кој може да војува со едно полнење гориво: 368 mi (320 nmi, 592 km)
  • Растојание кое може да го помине со едно полнење гориво: 1,380 mi (1,200 nmi, 2,220 km) со надворешни резервоари за гориво
  • Макс. висина: 19,000 ft (5,790 m)
  • Брзина на качување: 700 ft/min (3.6 m/s)
  • Сила: 0.192 hp/lb (158 W/kg)

Вооружување[уреди]

  • 2× 7.62 mm (0.30 in) M240H митралези или
  • 2× 7.62 mm (0.30 in) M134 minigun митралез или
  • 2× .50 in (12.7 mm) GAU-19 митралези
  • ESSS помошните крилја може да имаат
  • 70 mm (2.75 in) Hydra 70 ракети
  • 7.62 mm (0.30 in), 20 mm (0.787 in), or 30 mm (1.18 in) M230 топови

Надворешни врски и извори[уреди]

UH-60 Black Hawk UH-60 Black Hawk From Wikipedia, the free encyclopedia