Прејди на содржината

Heart (група)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Heart
Heart на настап во 2010
Животописни податоци
ПотеклоСиетл, Вашингтон, САД
Жанрови
Период на активност
  • 1973–1998
  • 2002–2016
  • 2019
  • 2023-денес
Издавачи
Мреж. местоheart-music.com

Heart (во превод од англиски: срце) ― американска рок група формирана во 1973 година во Сиетл. Групата еволуирала од претходните проекти предводени од основачките членови Роџер Фишер (гитара) и Стив Фосен (бас гитара), како: The Army (1967-1969), Hocus Pocus (1969-1970) и White Heart (1970-1973). Во 1975 година, членови на групата биле основачите Фишер, Фосен и Ен Вилсон (главен вокал и флејта), заедно со Ненси Вилсон (ритам гитара, вокал), Мајкл Дерозиер (тапани) и Хауард Лиз (гитара, клавијатури и придружни вокали).

Музиката на групата е под влијание на хард рок и хеви метал музиката,[1] а поголема популарност стекнала во 1977 година по објавувањето на песната Barracuda, која оттогаш била преработена од многу други групи. Својот најголем светски успех групата го забележала летото 1987 година со албумот Bad Animals и песната Alone. Најпопуларни песни на групата се: „Magic Man“ (1975), „Crazy on You“ (1976), „Baracuda“ (1977), „What About Love“ (1985), „ Never“ (1985) и „All I Wanna Do Is Make Love to You“ (1990), сосе песните кои се нашле на прво место на топ-листите во САД „These Dreams“ (1986) и „These Dreams“ (1987).[2]

Групата била номинирана за четири Греми награди, а продале преку 50 милиони плочи.[3] Имале свои албуми во топ-10 на Билборд 200 листата во 1970-тите, 1980-тите, 1990-тите и 2010-тите.[3] VH1 ги ставила Heart на 57-мо место на списокот од „100 најдобри хард-рок музичари “, а Ultimate Classic Rock на 49-то место на списокот од „Топ-100 музичари на класичен рок“. [4]

Историја[уреди | уреди извор]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Во 1965 година,[5] басистот Стив Фосен ја основал групата The Army. Во групата членувале и: Роџер Фишер на гитара, Дон Вилхелм на гитара, клавијатури и главен вокал и Реј Шефер на тапани. Во 1969 година, групата претрпела кадровски промени и добила ново име, Hocus Pocus.[6] Веднаш потоа го смениле имото во White Heart, а во 1973 година името на групата била скратено на само Heart. отфрлувајќи го „White“. Во 1973 година кон групата се приклучиле и двете сестри Ен и Ненси Вилсон. Со нивниот прв албум Dreamboat Annie овјавен 1975 година станале хит на благајните во Канада и САД,[7][8] а исто така и во Холандија. Први сингл изданија им биле How Deep It Goes и Magic Man (број девет во САД). Crazy on You стигнал до топ-40 на американските топ листи. Албумот станал платинест.[9]

Следниот албум Little Queen бил издаден кон средината на 1977 година и забележал сличен успех. Албумот го содржел хит-синглот, Barracuda, кој за малку не се пласирал во топ-10 во САД.[10] Албумот Dog and Butterfly (1978) станал двојно платинест. Во 1979 година, врската меѓу Вилсон и Фишер завршила; другите членови на групата изгласале Роџер Фишер да ја напушти групата,[11] а неговиот брат Мајк ја напуштил групата за помалку од еден месец потоа.[12]

1980-2000[уреди | уреди извор]

По 1981 година, популарноста на групата почнала да опаѓа. Затоа, сестрите Вилсон ги смениле членовите на групата, а го смениле и стилот во лесен поп-рок кој бил попогоден за радио, и исто така свиреле поп-балади и повремено преработки на други песни.

Во 1985 групата потпишала договор со Capitol Records и го објавиле албумот Heart, кој станал дотогаш најуспешен албум на групата и стигнал до врвот на топ листите. Само во САД бил продаден во над 5 милионi примероци, а бил многу успешен и во Европа. Од петте сингл изданија, четири стигнале до топ-10. Следниот албум Bad Animals (1987) исто така бил многу успешен. Првиот сингл Alone стигнал до врвот на топ листите во САД. И двата следни сингла Who Will You Run To и There's the Girl биле успешни.

Пролетта 1990 година бил објавен албумот Brigade, кој само во САД бил продаден во 2 милиони примероци и имал уште еден голем хит под наслов All I Wanna Do Is Make Love to You.[13] Кон крајот на 1993 година го издале Desire Walks On, кој во САД бил продаден во 500.000 примероци, а песната од тој албум Will You Be There (In the Morning) се пласирала во топ-40 на Billboard Hot 100. Албумот во живо, The Road Home, бил објавен есента 1995 година, а албумот со најголеми хитови со првите хитови од групата од 1970-тите и 1980-тите бил објавен пролетта во 1997 година.

2000-денес[уреди | уреди извор]

Дури кон средината на 2004 година бил издаден следен албум со нов материјал, Jupiter's Darling, но ни приближно не бил успешен како претходните албуми. Red Velvet Car, објавен во летото 2010 година,[14] и за прв пат по дваесет години групата стигнала до првите 10 на Билборд 200.[15][16] [17]

Во август 2016 година, групата за малку ќе се распаднела, откако сопругот на Ен Вилсон, Дин Ветер, бил уапсен и потоа се изјаснил за виновен за напад на 16-годишните близнаци на Ненси, затоа што момчињата ја оставиле отворена вратата од неговото возило.[18] [19]  Иако групата Heart ја довршила турнејата, сестрите Вилсон до крајот на турнејата разговарале една со друга само преку трети лица. По завршувањето на турнејата во октомври 2016 година, сестрите Вилсон се посветиле на соло проекти.[20] По тригодишна пауза, групата повторно се обединила за нова турнеја Love Alive во 2019 година.[21]

Во 2022 година, Ненси Вилсон основала нејзина верзија од групата Heart, наречена Nancy Wilson's Heart. [22]

Оставштина[уреди | уреди извор]

Heart обично се смета за хард-рок група, но нивната разновидна музика во себе вклучува повеќе жанрови од фолк преку поп до хард-рок, а понекогаш дури и хеви-метал.[23]

Севкупно, групата продала преку 35 милиони плочи, во САД имала 20 топ-40 песни и седум топ-10 албуми [24] и четири пати била номинирана за Греми.[25]

VH1 во 2008 година ја вброил групата Heart во „100 најголеми хард-рок музичари“, [26] а Ен и Ненси Вилсон биле рангирани на 40-то место (во 1999 година) на „100-те најдобри жени во рокенролот“ од VH1.[27] Хит Парадер во 2006 година ја ставил Ен Вилсон меѓу „Најголемите хеви-метал вокалисти на сите времиња“. [28] Во 2009 година, на сестрите Вилсон им била доделена наградата за основачи на ASCAP како признание за нивната кариера како текстописци.[29]

Групата добила своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд во 2012 година, а на 18 април 2013 година била примена во Куќата на славата на рокенролот.[30]

Сестрите Вилсон со децении биле активни на музичката сцена во Сиетл и влијаеле на многу музичари од регионот, меѓу кои и групи од ерата на гранџот. Меѓу музичарите кои го користеле нивното студио Bad Animals се: Нил Јанг, R,E,M, Pearl Jam, Soundgarden и Alice in Chains.[31]

Членови[уреди | уреди извор]

Сегашни членови[уреди | уреди извор]

  • Ен Вилсон (1973–1998, 2002–2016, 2019–сега) – главен и придружен вокал, флејта, автохарфа, акустична гитара
  • Ненси Вилсон (1973–1995, 1998, 2002–2016, 2019–сега) – ритам, главна и акустична гитара, придружен и главен вокал, хармоника, мандолина, клавијатури
  • Дени Фонхајзер (1993–1995, 2019–сега) – тапани, удирачки инструменти
  • Крег Барток (2003–2016, 2019–сега) – главна и ритам гитара
  • Рајан Вотерс (2019-сега) – главна и ритам гитара
  • Енди Столер (2019–сега) – бас гитара
  • Ден Вокер (2019 – денес) – клавијатури

Дискографија[уреди | уреди извор]

  • Dreamboat Annie (1975)
  • Magazine (1977)
  • Little Queen (1977)
  • Dog and Butterfly (1978)
  • Bébé le Strange (1980)
  • Private Audition (1982)
  • Passionworks (1983)
  • Heart (1985)
  • Bad Animals (1987)
  • Brigade (1990)
  • Desire Walks On (1993)
  • Heart Presents a Lovemongers' Christmas (2001)
  • Jupiters Darling (2004)
  • Red Velvet Car (2010)
  • Fanatic (2012)
  • Beautiful Broken (2016)

Награди и номинации[уреди | уреди извор]

Греми награди[32][33][уреди | уреди извор]

Година Номинирана Награда Исход
1986 Heart Најдобра рок изведба на дуо или група со вокал Номинирана
1988 "Alone" Најдобра поп изведба од дуо или група Номинирана
Bad Animals Најдобра рок изведба на дуо или група со вокал Номинирана
1991 "All I Wanna Do Is Make Love To You" Најдобра поп изведба од дуо или група Номинирана
2023 Ен и Ненси Вилсон Греми награда за животно дело Победник

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „If You Like Heart's Hard Rock...“. NY Times. October 16, 2012. Посетено на September 8, 2013.
  2. „Heart Chart History: Hot 100“. Billboard. Посетено на June 20, 2020.
  3. 3,0 3,1 „Heart“. Umusicpub.com. Посетено на 2021-02-10.
  4. „Top 100 Classic Rock Artists“. Ultimate Classic Rock. Посетено на July 19, 2021.
  5. Ankeny, Jason, „Heart: biography“, Allmusic, Архивирано од изворникот на June 28, 2012
  6. Fossen, SteveПредлошка:Nonspecific
  7. Ankeny, Jason, „Heart: biography“, Allmusic, Архивирано од изворникот на June 28, 2012
  8. Read, Jeani (October 2, 1976). „Canada! Coast Industry Focuses on Its Uniqueness“. Billboard. том 88 no. 40. стр. C-20. Посетено на January 17, 2014.
  9. Ankeny, Jason, „Heart: biography“, Allmusic, Архивирано од изворникот на June 28, 2012
  10. „Heart: Little Queen: awards“, AllMusic, Архивирано од изворникот на June 27, 2012
  11. Ankeny, Jason, „Heart: biography“, Allmusic, Архивирано од изворникот на June 28, 2012
  12. „Heart biography“, Bio., Архивирано од изворникот на November 5, 2012
  13. „Heart Chart History: Hot 100“. Billboard. Посетено на June 20, 2020.
  14. Ankeny, Jason, „Heart: biography“, Allmusic, Архивирано од изворникот на June 28, 2012
  15. „Heart: Red Velvet Car: awards“, AllMusic, Архивирано од изворникот на July 1, 2012
  16. „Heart: Red Velvet Car: awards“, AllMusic, Архивирано од изворникот на July 1, 2012
  17. Stewart, Allison (July 21, 2011), „Heart is back, even if it never left“, Chicago Tribune, Архивирано од изворникот на October 16, 2012
  18. „Ann Wilson's Husband Dean Wetter Arrested for Assault of Twin Nephews“. People. August 30, 2016. Посетено на January 14, 2017.
  19. „Heart singer Ann Wilson's husband sentenced in teen assault“. CBS News. April 17, 2017. Посетено на May 20, 2018.
  20. Newman, Jason (April 10, 2017). „Heart: Can Ann and Nancy Wilson Go on After Family Assault?“. Rolling Stone. Посетено на April 22, 2017.
  21. Kreps, Daniel (11 February 2019). „Heart Reunite for All-Star 'Love Alive' Summer Tour“. Rolling Stone. Посетено на 11 February 2019.
  22. „Home“. Nancywilsonofheart.com. Посетено на September 14, 2023.
  23. „Heart: Ann & Nancy Wilson's Five Decade Rock And Roll Odyssey | Rocksoffmag“ (англиски). 2021-08-04. Посетено на 2022-12-08.
  24. „Heart: nominee for 2012 induction“, Rock and Roll Hall of Fame, Архивирано од изворникот на October 13, 2012
  25. Brown, Jake (2008), Heart: In the Studio, ECW Press, стр. 255, ISBN 978-1550228311
  26. „VH1 Counts Down the '100 Greatest Artists of Hard Rock' In Five-Hour, Five-Night Special, Premiering November 13–17 at 10:00 pm (ET/PT)“. Prnewswire.com. 2008. Архивирано од изворникот на October 25, 2012.
  27. „Women's role in rock history is celebrated by VH1“, Billboard, 111 (22): 94, May 29, 1999, ISSN 0006-2510
  28. „Hit Parader's Top 100 Metal Vocalists of All Time“. Hearya.com. December 4, 2006. Архивирано од изворникот на September 8, 2019. Посетено на July 9, 2016.
  29. Gallo, Phil (February 26, 2009), „ASCAP kudo shows Heart“, Variety, Архивирано од изворникот на February 18, 2013
  30. „Rock and Roll Hall of Fame Announces 2013 Inductees“. Rockhall.com. Rock and Roll Hall of Fame. December 11, 2012. Посетено на December 11, 2012.
  31. Phalen, Tom (November 25, 1995), „Seattle's history as studio Mecca predates grunge“, Billboard, 107 (47): 69, ISSN 0006-2510
  32. „Grammy Awards History“. Grammy.com. Посетено на July 27, 2023.
  33. „Grammy Awards“. Hollywoodreporter.com. February 6, 2023. Посетено на July 28, 2023.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]