Epilachninae

Од Википедија — слободната енциклопедија
Epilachninae
Epilachna varivestis
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Ред: Coleoptera
Семејство: Coccinellidae
Потсемејство: Epilachninae
Mulsant, 1846
Ларва Henosepilachna argus, страничен аспект
Ларва Henosepilachna argus, фронтален аспект. Ширина на капсулата на главата = 1,2 мм
Бубачка Podisus maculiventris лови ларви на Epilachna varivestis

Епилахнините (Epilachninae) се потсемејство на семејството на бубамарите, од редот тврдокрилци. Површно, тие изгледаат многу како другите бубамари во поголемата подмладок Коксинелини, но тие се разликуваат во нивната биологија, по тоа што членовите на потсемејството се во голема мерка или целосно тревопасни животни, а не се грабливци. Според тоа, неколку членови на потсемејството се штетници за земјоделските култури, а понекогаш предизвикуваат и сериозни загуби на земјоделски култури.

Преглед[уреди | уреди извор]

Епилахнините сочинуваат околу 16% од опишаните видови на бубамари. Нивната идентификација не е проблем во областа кога се испитуваат рутинските штетни култури, затоа што тие се селективни во исхраната, но дефинирањето на единка фатена надвор од јатото може да биде проблематично. Нивните обележја не се доследни, така што идентификацијата понекогаш може да е несигурна. За сигурна идентификација, треба да се прибегне кон дисекција за да изврши увид во гениталиите или да се изврши преглед на јајцата и ларвите, кои честопати се полесни за идентификување од возрасните.[1]

Таксономијата на епилахнините во моментот не е сигурна, и иако има малку несогласувања во врска со нивниот статус на членови на коксинелините, разни автори не се согласни во родот кој им се припишува. На пример, соланофила сега се вклучени во епилахна. Како што е во моментов случајот, исходот за тоа каде ќе бидат вклучени зависи од испитувањето на нуклеинска киселина. Засега, двата рода епилахна и хеносепилахна се јасно утврдени дека веројатно претставуваат монофилетична група, но родот субкокинела воопшто не припаѓа во епилахина. Субкокинела била вклучена во епилахнини врз основа на морфологијата, особено поради деловите од устата, но сличноста веројатно се појавила поради прилагодување кон растителна исхрана.[2]

Биологија[уреди | уреди извор]

Епилахнините се најпознати како штетници на земјоделски култури од семејствата зрнци и тикви, но како група се хранат со многу поширок спектар на растенија. Сепак, повеќето видови во потсемејството се монофагни, односно се хранат со само еден вид растенија или тесен опсег на тесно поврзани видови. Меѓу земјоделските растенија што ги напаѓаат се зрната на пченката, и мешунките како грав, вклучително и соја. Други напаѓаат спанаќ, а некои се хранат со зелки и памук.

Спротивно на тоа, одредени видови на хеносепилахна се природна контрола на штетни трња, а всушност повеќето епилахнини напаѓаат растенија кои не се земјоделски интерес.

Општо земено, членовите на епилахнините напаѓаат растенија со грицкање на горната страна од листот, во голема мера оставајќи ги недопрени поголемите вени и поголемиот дел од епидермисот. Како по правило, бубачките (т.е. возрасните единки) се хранат со горната површина од листот, додека ларвите се хранат со долната површина. Секој вид остава карактеристични траги на листот додека јаде. На пример, оние што се хранат со пченка грицкаат долги ленти паралелно со вените на растението. Оние што се хранат со лисја на зрнци оставаат мали полукругови на листот.

Јајцата изгледаат како типични јајца на бубамара, жолти, два или трипати подолги од широчината, заглавени на површината на листот, исправени во серии од по десетина. Една женка веројатно ќе положи неколку стотици јајца, доколку сите фактори се поволни. Микроскопски, јајцата се разликуваат од повеќето други јајца на бубамарите по тоа што имаат подефиниран ретикуларен модел на хорионот. Кај повеќето бубамари, хорионот е мазен однадвор. Ларвите се разликуваат по изглед од оние на другите бубамари. Ларвата генерално поминува низ пет фази во период од четири до пет недели, по што ќе се зацврсти на соодветна површина, обично во заштитено место на растението, каде што ја менува својата фаза, формирајќи кукла типична за бубамарите, а од која по неколку дена се појавува како бубачка.

Многу видови имаат само една или можеби две генерации за една година. Вообичаено, ваквите видови имаат извонредна навика, која се јавува и кај некои други потсемејства на бубамарите, а тоа е да мигрираат десетици километри до највисоката точка на блискиот гребен или врв, каде ќе ја поминат фазата на хибернација или естивација.[3]

Контрола[уреди | уреди извор]

Како и многу други бубачки, епилахнините се домаќини на паразитоидни оси кои ги напаѓаат јајцата или ларвите. Некои грабливи бубачки од семејствотоPentatomidae исто така ги напаѓаат ларвите. Онаму каде растенијата се здрави и се присутни природните непријатели, не е препорачливо често да се применуваат инсектициди, делумно затоа што пестицидите ги убиваат и грабливците.

Родови[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. A. P. Kapur (1950). „The biology and external morphology of the larvae of Epilachninae (Coleoptera, Coccinellidae)“. Bulletin of Entomological Research. 41 (1): 161–208. doi:10.1017/S0007485300027565.
  2. A. Magro; E. Lecompte; F. Magné; J.-L. Hemptinne; B. Crouau-Roy (2010). „Phylogeny of ladybirds (Coleoptera: Coccinellidae): are the subfamilies monophyletic?“ (PDF). Molecular Phylogenetics and Evolution. 54 (3): 833–848. doi:10.1016/j.ympev.2009.10.022. PMID 19903531. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-03-23.
  3. D. R. Annecke; V. C. Moran (1982). Insects and mites of cultivated plants in South Africa. London: Butterworths. ISBN 0-409-08398-4.