Тврдокрилци
Тврдокрилци Период: Ран Перм - денес | |
---|---|
Lucanus cervus, елењак | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Класа: | Insecta |
Поткласа: | Pterygota |
Инфракласа: | Neoptera |
Надред: | Endopterygota |
Ред: | Coleoptera Linnaeus, 1758 |
Подредови | |
Adephaga |
Тврдокрилците го образуваат редот на инсекти означен како Coleoptera. Тоа е ред со најголем број на видови (околу 350 000[1]), при што сочинува околу 40% од сите инсекти, a 25%[1] од сите форми на живот. Најголема група на тврдокрилци е фамилијата на чурулкарите (Curculionidae).
Овие инсекти можат да се најдат во речиси сите копнени и слатководни станишта (со исклучок на поларните области), но не се сретнати во морињата. Најчесто се исхрануваат со растенија и габи, го разградуваат растителниот и животинскиот отпад и јадат други безрбет. Тука се вклучени некои земјоделски штетници, како компировата златица (Leptinotarsa decemlineata), црвената брашнеста бубачка (Tribolium castaneum) и др., додека други видови се важни во контролата на популациите од земјоделски штетници, како на пример тврдокрилците од фамилијата на бубамари (Coccinellidae), кои се исхрануваат со растителни вошки, памучни вошки, трипси и други инсекти кои се хранат со растителни сокови.
Одлики
[уреди | уреди извор]Тврдокрилците во својот животен циклус подлежат на целосна метаморфоза (што значи имаат ларвален и куклен стадиум). Карактеристично за нив е што предните крила образуваат цврсти заштитни покрилци — елитри — под кои се собрани задните крила (кога инсектот не лета). На местото на сретнување на двете елитри, на средишниот грбен дел, се образува права линија која веројатно е една од најзабележливите одлики на редот. Мускулите за лет во мезотораксот се изгубени. Главената капсула се одликува со цврст вентрален (гуларен) затворач, антените се во основа 11-члени, додека усните делови се од гризачки тип со 4-сегментни магзиларни палпи. Протораксот е голем и слободен. На абдоменот отсуствува стернитот I, стернитот II најчесто е мембранозен и затскриен, а сегментот X е вестигијален, при што отсуствуваат церци. Женката поседува еден пар на гонапофизи на сегментот IX. Постојат четири или шест Малпигиеви цевчиња, кои често се криптонефрични. Речиси секогаш отсуствуваат вистински лабијални жлезди.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 James K. Liebherr and Joseph V. McHugh in Resh, V. H. & R. T. Cardé (Editors) 2003. Encyclopedia of Insects. Academic Press.
|