CYP2D6

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Cytochrome P450 family 2 subfamily D member 6
Идентификатори
Синонимиxenobiotic monooxygenaseCYP2D6cytochrome P450 2D6nonfunctional cytochrome P450 2D6cytochrome P450-DB1cytochrome P450family 2subfamily Dpolypeptide 6cytochrome P450family 2subfamily Dpolypeptide 7 pseudogene 2cytochrome P450subfamily IID (debrisoquinesparteineetc.-metabolizing)polypeptide 6cytochrome P450subfamily II (debrisoquinesparteineetc.-metabolising)polypeptide 7 pseudogene 2cholesterol 25-hydroxylasecytochrome P450subfamily IID (debrisoquinesparteineetc.-metabolizing)-like 1cytochrome P450subfamily IID (debrisoquinesparteineetc.-metabolising)polypeptide 8 pseudogene 2debrisoquine 4-hydroxylasecytochrome P450family 2subfamily Dpolypeptide 8 pseudogene 2flavoprotein-linked monooxygenasemicrosomal monooxygenaseCYPIID6
External IDsGeneCards: [1]
RNA expression pattern
PBB GE CYP2D6 207498 s at fs.png
More reference expression data
Orthologs
ВидовиЧовекГлушец
Entrez
Ensembl
UniProt
RefSeq (mRNA)

n/a

n/a

RefSeq (protein)

n/a

n/a

Location (UCSC)n/an/a
PubMed searchn/an/a
Википодатоци
View/Edit Human

Цитохром P450 2D6 (CYP2D6) е ензим кој кај луѓето е енкодиран од генот CYP2D6 . CYP2D6 воглавно се експресира во црниот дроб.

CYP2D6, член на цитохром P450 оксидазниот систем, е еден од најзначајните ензими вклучени во метаболизмот на ксенобиотиците во организмот. Особено, CYP2D6 е одговорен за метаболизмот и елиминацијата на приближно 25% од лековите кои се користат во клиничка пракса, преку реакции на адиција или елиминација на одредени функционални групи - хидроксилација, деметилација и деалкилација.[1] Други лекови, познати како пролекови, се активирани од страна на CYP2D6. Овој ензим исто така учествува во метаболизмот на некои ендогени супстанции, како што се хидрокситриптамините, неуростероидите, и m-тирамин и p-тирамин кои обата CYP2D6 ги метаболизира до допамин во мозокот и црниот дроб.[1][2]

Значителна варијација постои во количината која се создава и активноста на CYP2D6 кај различни индивидуи. Оттука, за лекови кои се метаболизираат од страна на CYP2D6 (односно, претставуваат супстрати на CYP2D6), одредени индивидуи ќе ги елиминираат овие лекови брзо (ултрабрзи метаболизери) додека други побавно (слаби метаболизери). Ако лекот се метаболизира пребрзо, ќе биде намалена неговата ефикасност, додека, ако лекот се метаболизира пребавно, можна е појава на токсични ефекти.[3] Па, затоа можеби е потребно прилагодување на дозата која во предвид ќе ја земе брзината со која лекот се метаболизира од страна на CYP2D6.[4]

Други лекови може да делуваат како инхибитори на активноста на CYP2D6 или индуктори на ензимската експресија на CYP2D6 што ќе доведе до намалена или зголемена активност на CYP2D6, соодветно. Ако таков лек се зема во исто време со друг лек кој е CYP2D6-супстрат, првиот лек ќе влијае врз брзината на елиминација на вториот лек, што е познато како лек-лек интеракција.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 New insights into the structural characteristics and functional relevance of the human cytochrome P450 2D6 enzyme. „Drug Metabolism Reviews“ том  41 (4): 573–643. doi:10.1080/03602530903118729. PMID 19645588. 
  2. The endogenous substrates of brain CYP2D. „European Journal of Pharmacology“ том  724: 211–8. февруари 2014 г. doi:10.1016/j.ejphar.2013.12.025. PMID 24374199. 
  3. 3,0 3,1 Pharmacogenomics of CYP2D6: molecular genetics, interethnic differences and clinical importance. „Drug Metabolism and Pharmacokinetics“ том  27 (1): 55–67. doi:10.2133/dmpk.DMPK-11-RV-121. PMID 22185816. 
  4. Use of CYP2D6 genotyping in practice: tamoxifen dose adjustment. „Pharmacogenomics“ том  13 (6): 691–7. април 2012 г. doi:10.2217/pgs.12.27. PMID 22515611.