Цитохром

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Цитохромите се клеточни хембелковини (односно пигменти). Тие се наоѓаат во клетките на сите аеробни организми, врзани за митохондриите или слични структурни елементи на клетката. Нивната простетична група е со металопорфирински карактер (Fe-протопорфирин, цитохемин итн.). Таа овозможува пренесување на електрони во респираторната низа при што металот (обично железо) повратно преминува од повисок на понизок оксидационен степен.

Видови[уреди | уреди извор]

Цитохромите имаат карактеристични апсорпциони спектри, врз основа на кои се и откриени во 1882 година. Така, првите испитувања на цитохромот од миокардот (срцевиот мускул) покажале дека, според апсорпционите спектри, постојат најмалку три видови на цитохроми: a, b и c. По тоа, во различен биолошки материјал, утврдено е постоење на повеќе видови на цитохроми a, b и c, на пример: a, a3, b, b5, c, c1, c2 итн.