7Q5

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Делот број 5 најден во пештерата 7 кај Кумран

7Q5 е мало парче папирус пронајден во пештерата 7 кај Кумран. Дел е од Свитоците од Мртвото Море, напишан на грчки јазик. Датиран е според стилот на пишување дека потекнува од периодот меѓу 50 г. п.н.е. и 50 г. од нашата ера. Шпанскиот научник Хозе О'Калањан Мартинез во 1972 година напишал дека ова парче папирус содржи текст од Евангелие по Марко, дел 6 стих 52-53. Но, поголемиот дел од научниците не се согласуваат со ова тврдење[1][2] па денес е отфрелно.[3][4]

Идентификација[уреди | уреди извор]

Во текстот од Евангелие по Марко на грчки јазик што О'Калањан го идентификувал како дел од 7Q5, црвените букви ги претставуваат деловите кои се читаат на папирусот.:[5]

ου γαρ
συνηκαν επι τοις αρτοις,
αλλ ην αυτων η καρδια πεπωρω-
μενη. και διαπερασαντες [επι την γην]
ηλθον εις γεννησαρετ και
προσωρμισθησαν. και εξελ-
θοντων αυτων εκ του πλοιου ευθυς
επιγνοντες αυτον.

Доколку 7Q5 е навистина Евангелие по Марко, тоа значи дека ова е најраниот пронајден текст со делови од Новиот завет. Бидејќи датирањето на папирусот е меѓу 50 г. п.н.е. и 50 г. од нашата ера, доколку навистина е дел од Евангелие по Марко, значи дека некој го пишувал ова евангелие кој бил поблиску временск идо вистинскиот Исус. Сепак, науката смета дека евангелијата се напишани во 2 век од нашата ера.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Millard, A. R. (2000). Reading and Writing in the Time of Jesus. NYU Press. стр. 56. ISBN 0-8147-5637-9. C.P. Thiede drew on papyrology, statistics and forensic microscopy to try to prove O'Callaghan's case, yet without convincing the majority of other leading specialists.
  2. McCready, Wayne O. (1997). "The Historical Jesus and the Dead Sea Scrolls". Во Arnal, William E.; Desjardins, Michael (уред.). Whose Historical Jesus?. Waterloo, ON: Wilfrid Laurier University Press. стр. 193. ISBN 0-88920-295-8.. "On the whole, O'Callaghan's thesis has met with scholarly skepticism since the fragments are extremely small, almost illegible, and his strongest case does not agree with known versions of Mark."
  3. Elliot (2004), JK, Book Notes, Novum Testamentum, Volume 45, Number 2, 2003, pp. 203.
  4. Gundry(1999), p.698.
  5. VanderKam, James; Peter Flint (2004). The Meaning of the Dead Sea Scrolls: Their Significance for Understanding the Bible, Judaism, Jesus, and Christianity (изд. First HarperCollins paperback.). New York: HarperCollins. стр. 315. ISBN 0-06-068465-8.