4Q175

Од Википедија — слободната енциклопедија
4Q175

4Q175 (или 4QTest), познати и како Сведоштвата, е еден од Свитоците од Мртвото Море пронајден во пештерата 4 кај Кумран на западниот брег. На само една страница, 4Q175 е збирка на изреки навидум поврзани со месијанска фигура. Ракописот бил напишан со хасмонејско писмо од 1 век п.н.е., уредено од Џон Марко Алегро.

Содржина[уреди | уреди извор]

Овој своиток е краток документ што содржи пет библиски изреки поставени во четири секции, а кои се однесуваат на активностите на Господ на крајот од времето. Само последната секција има објаснување. Првите три секции се однесуваат на идни благослови кои доаѓаат од три фигури, пророк налик на Мојсеј, месија и свештенички учител.

Првата секција содржи два текста од Второзаконие, и посочува на пророк налик на Мојсеј (Второзаконие 5:28-29; 18:18-19). Втората секција е извадок од пророштвото на Валаам што се однесува на месија, кој е налик на Давид (Броеви 24:15-17). Ова пророштво предвидува „Ѕвездад ќе излезе од Јаков, скиптер ќе произлезе од Израел; тој ќе го смачка храмот на Моав, и ќе ги уништи сите деца на Сет.“ Третата секција е благослов на Левитите, и на свештеникот месија кој ќе биде учител налик на Левиј (Второзаконие 33:8-11). Последната секција започнува со стих од Книга на Иисус Навин (6:26), а потоа следи цитат од Псалмите на „Книга на Иисус Навин“. Овие стихови покажуваат дека заедницата кај Кумран се интересирала за пророштвата од Танах.

Објаснување[уреди | уреди извор]

Досега научниците не се обиделе сериозно да се занимаваат со трите фигури од 4Q175, но многумина сметаат дека се асоцијација за татко и двајца сина. Според стилот на писмото, свитокот е датиран од времето на [Хасмонеи|Хасмонејската династија]].

Надворешни врски[уреди | уреди извор]