Песни за шабатски жртвувања

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Песни за шабатски жртвувања, наречени и Ангелска литургија, се серија од тринаесет песни, по една за секој од првите тринаесет шабати од годината. Фрагментите се дел од Свитоци на Мртвото Море. Песните се најдени во 10 фрагменти: девет во Кумран (4Q400–407; 11Q17) и еден во Масада. Датирањето е тешко, но се смета дека се пишувани околу 100 г. п.н.е.

Иако девет копии се најдени кај Кумран, сепак се смета дека не се секташки документи, бидејќи секташкиот јазик кој се користи во другите свитоци, овде не се користи. Фактот дека една песна е најдена кај Масада, сугерира дека ова биле широко распространети текстови, и дека се користеле од повеќе заедници. Во песните се користи зборот Елохим за Господ, а употребата на тој збор речиси ја нема во другите свтиоци кои се секташки по потекло.

Во песните се велича тронот на Бога на небесата и се упатува на ангелските јазици. Низ песните се опишува во детали како ангелите ги вршат своите молитви во храмот, потоа има детален опис на просторијата во која е тронот каде Господ е присутен, како и описи на други суштества налик на бог. Свитокот се дели на три големи дела: 1-5, 6-8, 9-13. Првиот дел е многу уништен, и содржи описи на небесните свештеници и нивните практики. Вториот дел содржи пофалби и благослови, а третиот дел содржи опис на небесниот храм и на тронот на Господ.

Текстовите се веројатно напишани врз основа на извори како: Книга на пророкот Езекиел, Книга на пророкот Исаија, [Книга Излез]], и Книга на Енох. Текстот повикува ангели, суштества налик на Бога, и содржи детални описи на небесниот трон. Во целиот текст има една главна разлика со ваквите описи во Библијата: визијата не ја раскажува пророк или мистик, туку директно се претставува.

Литература[уреди | уреди извор]

  • The Dead Sea Scrolls: A New Translation. Trans. Michael O. Wise, Martin G Abegg Jr., and Edward M. Cook. San Francisco: HarperSanFransisco 1996.
  • Davies, Phillip R., George J. Brooke and Philip R. Callaway. The Complete World of the Dead Sea Scrolls. London: Thames and Hudson, 2002.
  • Newsom, Carol. "Songs of the Sabbath Sacrifice." Encyclopedia of the Dead Sea Scrolls. Ed. Lawrence H. Schiffman and James C. VanderKam. Oxford: Oxford University Press, 2000.
  • Schiffman, Lawrence H., Reclaiming the Dea Sea Scrolls: The History of Judaism, the Background of Christianity, the Lost Library of Qumran. New York: Double Day Publishing Group, Inc. 1994.