28 февруари (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
1825  Потпишан е Договор меѓу Русија и Велика Британија со кој е определена границата меѓу Алјаска и Канада.
1922  Велика Британија формално прогласи независност на Египет, но ја задржа контролата над Суецкиот канал.
1934  Основан е Музејот на град Битола.
1948  Последните британски воени единици ја напуштија Индија.
1974  САД и Египет по седум години прекин, ги обновија дипломатските односи.
1987  на Видовден, Слободан Милошевиќ ѝ се обраќа на публиката на Косово Поле по повод шестогодишнината од Битката на Косово. Некои аналитичари неговиот говор го карактеризираат како официјален почеток на српската националистичка кампања.
1992  Советот за безбедност на Обединетите нации одобри испраќање на 22.000 „сини шлемови“ во Камбоџа.
1994  Авиони на НАТО алијансата соборија 4 авиони на босанските срби над централна Босна, заради навлегување во зоната на забрането летање, со што за прв пат директно се вмешаа во босанскиот конфликт.