Од Википедија — слободната енциклопедија
1844
Карлос Антонио Лопес е прогласен за прв уставен претседател на Парагвај .
1891
Подморницата „Монарх“ постави телефонски кабел под Ламанш , што овозможи телефонска врска меѓу Велика Британија и другите држави од Европа .
1944
Иницијативниот одбор на АСНОМ упати писмо до НО одбори во Македонија во кое ја изнесува одлуката на Второто заседание на АВНОЈ , со која Македонија е призната за рамноправна федерална единица. Потоа, ја објаснува постапката за избирање легални и нелегални, општински, околиски и окружни НО одбори и делегати за Првото заседание на АСНОМ .
1945
По многу тешки борби американските десантни единици го освоија малиот остров на Тихиот Океан , Иво Џима , важна стратегиска точка за бомбардерските напади врз Јапонија .
1965
Владата на Израел го прифати барањето на Бон за воспоставување дипломатски односи со Западна Германија .
1995
Астронаутот Норман Тагард стана првиот Американец кој полета во вселената со руска ракета, лансирана од космодромот во Бајконур .
1996
Република Македонија и Република Литванија воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасадори.
2001
Околу 11 часот со престрелки од тетовското кале започна конфликтот во Тетово .
2002
Судиите на Основниот суд Скопје 2 ги потпишаа решенијата за амнестија на политичкиот водач на поранешната ОНА , Али Ахмети и на неговиот вујко, водачот на кичевските бомбаши и организаторот на повеќето бомбашки напади на полициските станици во Македонија, Фазли Велиу .
2013
Си Ѓинпинг станува Претседател на НР Кина .