14 април (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
1865  Во театарот „Форд“ во Вашингтон, Џон Вилкс Бут го застрелал претседателот на САД Абрахам Линколн.
1894  Во Њујорк е претставен кинетоскопот на Едисон, апарат за гледање на подвижни слики — претходник на филмот.
1912  Британскиот патнички пароброд „Титаник“ на своето прво патување преку Атлантикот кон Њујорк, удрил во санта мраз во Северниот Атлантик и потонал следното утро при што загинале 1503 луѓе.
1915  Турција извршила инвазија на Ерменија. Политичките обвинувања за тоа дека Турција извршила геноцид врз десетици илјади лица во Ерменија постојат и денес.
1941  Усташите се задолжени за управувањето со Независната Држава Хрватска од Силите на оската по инвазијата врз Југославија од 6 април истата година.
1992  Во гарнизонот во Охрид пристигнал првиот регрут на Армијата на Република Македонија.
1994  Цариниците во Република Македонија за првпат го одбележаа својот празник — Ден на Царинската служба на Република Македонија.
1995  Република Македонија и Големата Социјалистичка Либиска Народна Џамахирија воспоставија дипломатски односи.