13 јуни (настани)
Изглед
| 313 | Римските совладетели Константин I и Лициниј го издаваат Миланскиот едикт со кој гарантираат верска толеранција. Со тоа запираат вековните прогони на христијаните. |
| 1894 | Пуштена е во сообраќај железничката линија Битола - Солун. |
| 1944 | Втора светска војна: Германија започна да го бомбардира Лондон со ракети „Фау-1“ (V-1). |
| 1956 | Последните британски трупи ги напуштија базите кај Суецкиот Канал, препуштајќи му го, по 74 години, овој воден пат на Египет. |
| 1973 | Во Париз, САД, Северен Виетнам, Јужен Виетнам и ослободителното движење Виетконг потпишаа Договор за прекин на огнот. |
| 1983 | Американското вселенско летало Пионир 10 ја помина орбитата на Нептун. Тој претставува првото вселенско летало од Земјата кое го напуштило Сончевиот Систем. |
| 1993 | Ким Кемпбел стана прва жена премиер во историјата на Канада. |
| 2017 | Излегол последниот број на дневниот весник „Дневник“. |