Шнајдеров кајман

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Шнејдеров кајман)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Шнајдеров кајман
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Рептили
Ред: Crocodilia
Семејство: Alligatoridae
Род: Paleosuchus
Вид: P. trigonatus
Биномен назив
Paleosuchus trigonatus
(Schneider, 1801)
распространетост на шнајдеровиот кајман

Шнајдеровиот кајман (Paleosuchus trigonatus), е крокодиловиден рептил од Јужна Америка. Го среќаваме во Амазонскиот басен во Боливија, Бразил, Колумбија, Еквадор, Француска Гвајана, Гвајана, Перу, Суринам и Венецуела.

Името го добил по германскиот биолог Јохан Готлоб Шнајдер, кој го идентификувал видот во 1801 година.

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Овој кајман е вториот најмал вид од фамилијата Alligatoridae достигнувајќи должина од само 2,3 метри.

Женките од овој вид почнуваат да се парат кога ќе достигнат големина до 1,3 метри, додека мажјаците, кога достигнуваат 1,4 метри (односно на возраст помеѓу 10 и 20 години). Женките положуваат 10-20 јајца. Периодот на инкубација е доста долг споредено со останатите крокодиловидни животни и изнесува 115 дена. Степенот на смртност на младите кајмани е доста високо поради многубројните природни предатор како јагуар, анаконда или големи гуштери.

Исхрана[уреди | уреди извор]

Начинот на исхрана се менува со возраста на кајманот. Крокодилите кои се штотуку излезени од јајцата се хранат во водни инсекти и други членконоги. Кога ќе потпораснат, младите крокодили се хранат со инсекти но и со мали риби, птици и рептили. Возрасните кајмани многу почесто ловат на копно отколку во вода, и се хранат со мали цицачи. Како и останатите копнени предатори, прекриваат големи региони во кои бараат храна. Поради тоа, главата на кајманот често е високо подигната, а вратот е поставен вертикално, што им овозможува поголема прегледност на околината.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]