Алигаторовидни

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Alligatoridae)
Прејди на: содржини, барај
Алигатори и кајмани
Период: креда - денес
Brookfield zoo fg06.jpg
Американски алигатор
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Рептили
Ред: Crocodilia
Семејство: Alligatoridae
Gray, 1844
Преживени родови

Alligator
Caiman
Melanosuchus
Paleosuchus

Алигаторовидните (науч. Alligatoridae) е фамилија што опфаќа повеќе видови на алигатори и кајмани, кои се крокодиловидни рептили. Овие животни се среќаваат само во Северна и Јужна Америка.

Вистински алигатори (Alligatorinae)[уреди | уреди извор]

Вистинските алигатори живееле во Европа од периодот креда до плиоцен, кога изумреле. Денес, постојат само два преживеани вида на вистински алигатори, Alligator mississippiensis кој живее на југоистокот на САД и расте до 4,25 метри и достигнува тежина до 454 килограми [1] (со најголема регистрирана индивидуа од 5,81 метар), и малиот Alligator sinensis кој живее во реката Јангцекјанг во Кина и достигнува должина од 1,5 метри. Името алигатори е настанато од шпанскиот збор el lagarto, што значи „гуштер“.

Кајмани (Caimaninae)[уреди | уреди извор]

Во централна и јужна Америка живеат 5 вида од фамилијата Alligatoridae, кои припаѓаат на подфамилијата Caimaninae. Овие животни се разликуваат од вистинските алигатори по отсуството на коскен септум помеѓу ноздрите, како и по оклопот на стомакот кој е оставен од коскени плочки кои се преклопуваат, а секоја од овие плочки е составена од два дела споени со шев. Оваа подфамилија се дели на три рода. Кајманите се поподвижни од алигаторите и по движењето повеќе наликуваат на крокодилите, исто така тие имаат и многу подолги и поостри заби од алигаторите [2].

Очилниот каман е најраспространет, со живеалишта од јужно Мексико па се до северната половина на Аргентина. Расте до должина од 2,2 метри. Најголем претставник на оваа подфамилија е црниот кајман од Амазон. Овие кајмани растат и до 5 метри [3], а најголемата регистрирана индивидуа била долга 5,79 метри. Црниот кајман и американскиот алигатор се единствените членови на фамилијата Alligatoridae кои претставуваат опасност а човекот.

Иако кајманите не се целосно проучени, се смета дека циклусите на парење за кои претходно се мислело дека се спонтани или годишни, всушност се поврзани со врнежите од дожд и нивото на реките со цел да се зголемат шансите за преживување на младите кајмани.

Разлики со крокодилите[уреди | уреди извор]

Поврзано: Crocodilia# Разлики помеѓу алигатори и крокодили

Алигаторите се разликуваат од крокодилите најмногу по пошироката и пократка глава со потапа муцка, по четвртиот заб на долната вилица кој кога е затворена устата не влегува во засек туку во посебно вдлабнување на горната вилица. Алигаторите немаат шилести реси кои ги среќаваме на задните нозе и стапалата на крокодилите, исто така прстите на задните нозе се со пловнакожичка само до половината на прстите. Алигаторите преферираат слатки води, и не се многу толерантни на солена вода, за разлика од крокодилите кои имаат специјализирани жлезди за филтрирање на вишокот сол од организмот. Генерално, крокодилите се многу поопасни и поагресивни кон човекот отколку алигаторите.

Класификација[уреди | уреди извор]

Family Alligatoridae


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. <http://www.eparks.org/marine_and_coastal/marine_wildlife/alligator.asp>
  2. Guggisberg, C.A.W. (1972). Crocodiles: Their Natural History, Folklore, and Conservation. стр. 195. ISBN 0715352725. 
  3. <http://www.flmnh.ufl.edu/cnhc/cbd-faq-q2.htm>