Шенунг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шенунг

Шенунг (кинески: 神农, пинјин: Shénnóng), понекогаш Јан-цар (炎帝) или Цар на пет зрна (五谷先帝, Wǔgǔ xiāndì), е легендарен цар на Кина и културен херој од кинеската митологија за кој се смета дека живеел пред 5,000 години и кој го вовел земјоделството во Кина. Затоа неговото име значи „Божествениот земјоделец“. Шенунг ги научил луѓето да обработуваат земја за да не убиваат животни. Тој испробувал стотици билки за да ја види нивната лековита вредност, и се претпоставува дека е автор на Шенунг пен цао чинг (Материја медика на Божествениот земјоделец), најраната кинеска фармакопедија. Овој ракопис содржи 365 лекови од минерали, растенија и животни. Вистинскиот автор на делото исто така не се знае. Шенунг препознал стотици билки како лековити или отровни по пат на пробување на себе, нешто што било од круицијално значење за развојот на традиционалната кинеска медицина. Се смета дека тој го открил и чајот, како противотров на 70 билки. Според една легенда ова се случило во 2737 п.н.е. кога изгорените листови чај од неговото огниште ги дувнало ветер и паднале во котел со вода која вриела.[1] како таков Пен-нунг се смета за таткото на кинеската медицина. Исто така се верува дека тој ја измислил акупунктурата.

Најпознатото дело кое му се препишува нему е Класикот за билните корења на Божествениот земјоделец (神农本草经, Shénnóng běncǎo jīng) -- за првпат составено за време на крајот на владеењето на Западната династија Хан.

Шенунг бил билзок роднина на Жолтиот цар и патријарх на сите кинези. Кинезите ги сметаат двајцата за заеднички предци. Шенунг се смета и за еден од предците на виетнамците. Тој се смета за еден од божествата од Тројцата возвишени и петте цареви заради неговиот придонес кон човештвото.

Се смета дека Шенунг играл улога во создавањето на инструментот Кучин, заедно со Фу Сји и Жолтиот цар.

Бројките 3 и 9 се свети во кинеската митологија заради тоа што Шенунг е дел од божествениот Триумвират, составен од него, Фусји и Жолтиот цар. Бидејќи 9 е најголемиот самостоен број, тој претставува полност и целосност. Покрај тоа, 9 се смета и за двојно свет број бидејќи е производ од трипати по три. Во стара Кина, броевите 3 и 9 се користеле само од царот како Небесен Син.

Белешки и наводи[уреди | уреди извор]

  1. (Jane Reynolds, Phil Gates, and Gaden Robinson (1994). 365 Days of Nature and Discovery. Harry N. Adams, Inc., New York. стр. 44. ISBN 0-8109-3876-6.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link))
Претходник
Нива
Цар на Кина
III милениум п.н.е.
Наследник
Жолт цар