Чумата

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Чума (книга))
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Чумата  
La Peste.jpg
АвторАлбер Ками
Наслов на
оригиналот
La Peste
ЗемјаФранција
Јазикфранцуски
Жанр(ови)филозофски роман

Чумата (француски: La Peste) — филозофски роман од францускиот писател Албер Ками објавен во 1947. Дејството се одвива во алжирскиот град Оран, а низ романот се полемизира за судбината и суштината на човековото постоење. Ликови во романот се лекари, туристи, и бегалци, и преку нив се осознава како чумата дејствува врз населението. Се претпостававува дека романот е инспириран од епидемијата на колера која убила голем дел од жителите на Оран во 1849, кога Алжир бил француска колонија.[1] Според статистиката, Оран имал многу епидемии од чума, но најстрашни биле оние од 1556 and 1678, додека подоцнежните од 20. век немале многу жртви, барем не толку за колку што станува збор во романот.

Чумата се смета за класик на егзистенцијализмот, иако Ками не се согласил со тој епитет.[2][3] Стилот на раскажување потсетува на Франц Кафка, особено на романот Процес, во кој индивидуалните постапки имаат повеќе значења, а материјалното може да се толкува како алегорија за духовното и човековото постоење. Чумата некои ја толкуваат како метафора за францускиот отпор при нацистичката окупација за време на Втората светска војна. Освен тоа, Ками ја доловува и човековата реакција кон „апсурдот“.[4] Романот покажува како светот се справува со филозофското поимање на апсурдното, теорија која Ками помогнал да се воспостави.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Magill, Frank Northen, ed. (1989). Masterpieces of World Literature p.683
  2. Camus (in Thody, 1970):345. In an interview on 15 November 1945, Camus said: "No, I am not an existentialist."
  3. Forsdick, Charles (2007). "Camus and Sartre: the old quarrel" p.119
  4. Ed Vulliamy. „Albert Camus' The Plague: a story for our, and all, times“, „The Guardian (Books blog)“, 5 јануари 2015 (посет. 8 јули 2016 г).