Човекот со филмската камера

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Човекот со филмската камера (руски: Человек с киноаппаратом) - советски документарен филм од 1929 година, во режија на Ѕига Вертов.

Осврт кон филмот[уреди | уреди извор]

Во 2012 година, списанието „Сајт енд саунд“ (Sight and Sound) го рангирало овој филм на осмото место на списокот на најдобрите филмови во историјата, а во изборот на истото списание, филмот бил прогласен за најдобар документарен филм на сите времиња. Тој претставува врвно остварување на филмската теорија на Вертов за „кино-око“ со која се обидел да докаже дека камерата е слична на окото и дека затоа е најдобро да се користи за документирање на вистинскиот живот. Оттука, според неговата теорија, документарниот филм одговара повеќе на тогашните нови комунистички услови на уметноста отколку старата драматуршка кинематографија. Вертов ја развил оваа теорија за време на Граѓанската војна во Русија, кога работел како монтажер во одделот за пропаганда на Црвената армија, каде ги монтирал познатите филмски репортажи „Кинонедела“. Со својот пристап на работа, Вертов сакал да покаже дека монтажерот може да биде главниот автор на филмот.[1]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кинотека на Македонија, „Програма ноември 2015“.