Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Пазар

Координати: 40°48′2.06″N 22°24′59.32″E / 40.8005722° СГШ; 22.4164778° ИГД / 40.8005722; 22.4164778
Од Википедија — слободната енциклопедија
Успение на Пресвета Богородица
Κοίμηση Θεοτόκου
Поглед на црквата од запад
Карта
40°48′2.06″N 22°24′59.32″E / 40.8005722° СГШ; 22.4164778° ИГД / 40.8005722; 22.4164778
МестоПазар
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архит. типтрикорабна базилика
Завршена1860
Управа
Архијерејско намесништвоПазарско
ЕпархијаВоденско-постолско-мегленска

Успение на Пресвета Богородица или Света Богородица (грчки: Κοίμηση Θεοτόκου) — преродбеничка парохиска црква во градот Пазар (Ениџе Вардар), Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во првата половина на XIX век во Пазар немало црква и православното население одело во „Св. Атанасиј“ во с. Пилорик. Султанскиот ферман за изградба на црквата е добиен со тешкотии во 1858 г. бидејќи Пазар бил поклонички град за муслиманите. Со трудот на жителите, храмот е завршен во 1860 г.[3]

Во периодот од 1924 до 1932 г. црквата била катедрала на тогашната Пазарско-гуменџиска епархија.[1]

Црквата е прогласена за историски споменик на 2 јуни 1987 г.[1][4]

Опис[уреди | уреди извор]

Храмот претставува трикорабна базилика со поголем средиштен кораб и димензии 32 × 24 × 10 м.[3] Има и голема женска црква.[1] На запад, север и југ има отворен трем со лакови на квадратни столбови 0,6 × 0,6 м, а на исток храмот завршува со петстрана апсида. Ѕидовите се дебели 0,85 м, а во источниот дел е вграден антички релјеф. Има три влеза — од север, запад и југ, а прозорците се мали и правоаголни. Покривот има косини на запад и исток, а покриен е со ќерамиди. Првобитниот под бил од керамички плочки, кои денес се зачувани само во тремот, а остатоот од храмот има мозаични плочки. Таванот е дрвен и таблиран.[5]

Живописот во црквата е нов, но во неа се чуваат икони од XIX и почетокот на XX век.[1] Тие се следниве: „Распетие Христово“ (3 март 1865), „Свети Антониј“ (3 септември 1860), „Свети Харалампиј“ (5 мај 1863), „Воведение на Пресвета Богородица“ (11 март 1865), „Тројца Светители“ (24 мај 1870), „Рождество на Јован Претеча“ (1869), „Педесетница“ (9 март 1869), „Сите Светители“ (1865), „Свети Атанасиј“, „Влегувањето во Ерусалим“, „Томиното Неверство“, „Свети Григориј Палама“, „Свети Четириесет маченици“, „Свети Константин и Елена“, „Свети Ѓорѓи“, „Воздвижение на Чесниот Крст“, „Рождество Христово“ и „Свети Никола“.[5] На црквата работел зографот Божин Стаменитов (Емануил Стаматијадис).[6]

Подоцна е додадена куловидна камбанарија на југоисточниот агол на храмот, која во 1880 г. добила камбана излеана во Одеса.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „Ιερός Ναός Κοιμήσεως της Θεοτόκου (Μητροπολιτικός ναός)“. Η πόλη μας. Посетено на 12 септември 2016.
  2. „Ιερός Ναός Κοιμήσεως Θεοτόκου (Μητρόπολη) Γιαννιτσών“. Δήμος Πέλλας. Посетено на 23 август 2020.
  3. 3,0 3,1 Αποστολίδου, Γεσθημανή. „Τα Γιαννιτσά ... χθες και σήμερα“. стр. 38. Посетено на 16 јануари 2020.
  4. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/50246/1185/7-1-1987 - ΦΕΚ 271/Β/2-6-1987“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-04-20. Посетено на 20 октомври 2014.
  5. 5,0 5,1 Αποστολίδου, Γεσθημανή. „Τα Γιαννιτσά ... χθες και σήμερα“. стр. 39. Занемарен непознатиот параметар |access= (се препорачува |access-date=) (help); Недостасува права црта во: |access= (help)
  6. Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуствo. стр. 290.