Црква „Св. Петар и Павле“ - Тушилово

Координати: 40°57′3″N 22°30′6″E / 40.95083° СГШ; 22.50167° ИГД / 40.95083; 22.50167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Петар и Павле
Αγίων Πέτρου και Παύλου
Христос Седржител од црквата
Карта
40°57′3″N 22°30′6″E / 40.95083° СГШ; 22.50167° ИГД / 40.95083; 22.50167
МестоТушилово, Ениџевардарско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архит. типтрикорабна базилика
ЗавршенаXIX век
Управа
ЕпархијаГуменџиско-бојмичко-ругуновска

Свети Петар и Павле (грчки: Αγίων Πέτρου και Παύλου) — црква во селото Тушилово, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Црквата е гробишен и парохиски храм на селото, изграден во втората половина на XIX век. Претставува трикорабна базилика типична за македонските цркви од своето време. Има затворен трем и галерија на западната страна. Има внатрешни димензии од 13,70 × 9,85 м. Апсидата на исток е полукружна, а во северозападниот дел има камбанарија. Има влезови од запад и југ со сводести камени рамки и фрески на покровителите Петар и Павле над нив. Внатрешноста на црквата е битно променета со подноцнежни интервензии. Од дрвените украси останале само иконостасот и амвонот. Таваните се дрвени.[1] Во храмот има икони од зоградот Димитар Вангелов од Петрово.[2]

Во 1983 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „11. Ιερός ναός Αγίων Πέτρου και Παύλου Στάθη“. Ανάδειξη των Μεταβυζαντινών Μνημείων στην Μητροπολιτική Περιφέρεια Γουμενίσσης- Αξιουπόλεως - Πολυκάστρου μέ κέντρο τό Δήμο Ευρωπού. Посетено на 24 јуни 2014.[мртва врска]
  2. „Ταξιδεύοντας με τους ζωγράφους“ (PDF). Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού. Εφορεία Αρχαιοτήτων Κιλκίς. Посетено на 23 јуни 2018.