Црква „Св. Никола“ - Трлис
| Свети Никола | |
|---|---|
| Αγίου Νικολάου | |
Поглед на црквата | |
![]() | |
| 41°21′0.1″N 23°42′39.8″E / 41.350028°N 23.711056°E | |
| Место | Трлис, Драмско |
| Земја | Егејска Македонија, Грција |
| Вероисповед | Цариградска патријаршија |
| Архитектура | |
| Архит. тип | трикорабна базилика |
| Завршена | 1834 |
| Управа | |
| Архијерејско намесништво | Зрновско |
| Епархија | Зихненско-неврокопска |
Свети Никола (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Νικολάου Βαθυτόπου) — црква во селото Трлис, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2] Црквата е изградена во 1834 г., што е означено на ктиторската плоча уништена кога селото потпаднало под грчка власт. Градбата претставува трикорабна базилика со купола, трем и камбанарија на запад.[1] На запад има женска црква со свој влез.[2] Внатре е зачуван изворниот иконостас со старите икони и резбаните парапети. Иконостасот е богато украсен само во делот на средишниот кораб. Иконите од 1851, 1861 и 1869 г. (Архангел Михаил, Свети Никола, Богородица и др.) се делоа на неврокопскиот иконописец Серги Георгиев. Оние датирани αωιγ (=1813) и αωιδ' (=1814) се донесени од грчките доселеници од Мала Азија и се дело на Кирјаз од Енос (Енез).[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 „Црквата „Св. Никола" во Трлис“. Corect. Архивирано од изворникот на 2014-11-11. Посетено на 10 ноември 2014.
- 1 2 3 „Ιστορία Πλεύνας-Πετρούσας. Η Παλαιά Εκκλησία Πλεύνας και άλλες 32 Μεταβυζαντινές Εκκλησίες στο Νομό Δράμας“. Τα Νέα της Πετρούσας. Посетено на 16 ноември 2014.
- ↑ „Βυζαντινά Μνημεία“. Δήμος Νευροκοπίου. Посетено на 14 ноември 2014.[мртва врска]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Никола“ - Трлис на Ризницата ?
