Црква „Св. Илија“ - Бели

Координати: 41°56′14.2″N 22°22′22.4″E / 41.937278° СГШ; 22.372889° ИГД / 41.937278; 22.372889
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Илија

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Кочанско
Парохија Спанчевска
Местоположба

Карта

Координати 41°56′14.2″N 22°22′22.4″E / 41.937278° СГШ; 22.372889° ИГД / 41.937278; 22.372889
Место Бели
Општина Кочани
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Илија
Изградба 1964
Архитектонски опис

Свети Илија – манастирска црква на Белскиот манастир.

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата била изградена заедно со манастирот чии темели биле поставени во 1964 година.[1]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез е сместен на западната страна до којашто е доградена припрата. Над главниот влез има врамена икона на којашто е претставен Свети Илија, а од десната страна на главниот влез има спомен-плоча посветена на загинати борци во Првата балканска војна. Храмот има и спореден влез на јужната страна. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди. Внатрешноста на црквата не е зографисана, а иконостасот содржи икони распоредени во три реда.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ивица Милевски; Зоран Тунтев; Ирена Ружин; Виолета Јанкова; Јане Вртески; Звонко Наумоски (2016). „Студија за состојбата со потенцијалите за развој на туризмот во Источен плански регион“ (PDF). Центар за развој на Источен плански регион. стр. 103-104. Посетено на 16 февруари 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]