Црква „Св. Димитриј“ - Костурени

Координати: 40°55′57″N 22°4′34″E / 40.93250° СГШ; 22.07611° ИГД / 40.93250; 22.07611
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Димитриј
Αγίου Δημητρίου
Ктиторскиот натпис над влезот
Карта
40°55′57″N 22°4′34″E / 40.93250° СГШ; 22.07611° ИГД / 40.93250; 22.07611
МестоКостурени, Воденско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Завршена1858
Управа
Архијерејско намесништвоС’ботско
ЕпархијаВоденско-постолско-мегленска

Свети Димитриј (грчки: Ναός Αγίου Δημητρίου) — црква кај селото Костурени, Воденско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија..[1][2]

Изградбата на оваа црква започнала на истоимениот рид западно од селото во 1857 г., по прогласувањето на Хатихумајунот, со кој им се дава полна верска слобода на христијанските поданици на царството. Завршена е во 1858 г. за време на митрополитот Мелетиј Мегленски.[1] Претставува трикорабна базилика со нартекс, женска црква и трем од јужната страна.[1][2] Покривот е на два води, прекриен со камени плочки.[2]

Внатре има резбан иконостас со цветни мотиви, како и многуаголен резбан амвон. Женската црква на западната страна има убав дрвен парапет и решетка. Во жртвеникот е насликан Христос, а во апсидата е Пресвета Богородица Поширока од небесата, а потоа има редица светци. Забележителни се и преносливите икони на Света Недела (1870) и Свети Никола (1860). Средниот кораб е покриен со полуцилиндричен свод, а страничните имаат рамни дрвени тавани.[2]

Камбанаријата е самостојна градба на југоисток од храмот, изградена во 1919 г. според натписот на неа.[2]

За време на Првата светска војна во 1916-17 г. црквата на ридот служела како набљудувачница на српската артилерија.[1]

Натписот над влезот гласи:

Ο Ιερός ούτος ναός εθεμελιώθη τη 15η Σεπτεμβρίου 1857 και ενε(καινί)σθη το 1858 υπό των Αρχιεπισκόπων Νεο(φύ)του και Μελετίου. Τη συνδρομή των ορθοδόξων ελληνικών κοινοτήτων Κουστούργιαννης και των λοιπών Καραντζόβας.
Превод:

На овој свет храм му се удрија темелите на 15 септември 1857 г. и се освети во 1858 г. од архиепископите Неофит и Мелетиј. Со помошта на православната грчка општина во Кустурјани и на останатата Караџова.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Τοπάλης, Νικόλαος. „Τοπική Κοινότητα Ξιφιανής“. Δήμος Αλμωπίας. Посетено на 18 јуни 2014.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Άγιος Δημήτριος στη Ξιφιανή“. Βάση Δεδομпокроителένων για την Ιστορική κληρονομιά της Αλμωπίας - Lhi-Lna. Посетено на 21 април 2018.[мртва врска]