Црква „Св. Атанасиј“ - Суво Грло

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
„Свети Атанасиј“
Македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Крушевско-демирхисарско
Парохија Сопотничка
Местоположба
Населено место Суво Грло
Општина Демир Хисар
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Атанасиј
Изградба 1886
Архитектонски опис
Архитектонски тип еднокорабна базилика
Портал „МПЦ“

„Свети Атанасиj“ – македонска православна црква во демирхисарското село Суво Грло, Македонија. Административно, црквата е дел од Сопотничката парохија, на Крушевско-демирхисарското архијерејско намесништво, на Преспанско-пелагониската епархија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.[1] [2][3]

Црквата се наоѓа околу 1 километар источно од селото. Изградена е во 1886 година. Архитектонски таа е еднокорабна базилика, покриена со полукружен низок свод, со полукружна апсида на исток без отвор и трем на запад. Ѕидовите се направени е од кршен камен. Фасадата е фугирана. Покривот е на две води со керамиди. Од оригиналниот фрескопис зачувана е само сликата на Света Богородица во конхата на апсидата.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Суво Грло“. Мој Роден Крај.  Unknown parameter |access_date= ignored (помош)
  2. 2,0 2,1 Димитров, Никола В (2017). Географија на населби - Општина Демир Хисар. Битола. стр. 87. ISBN 978-608-65616-4-2. http://eprints.ugd.edu.mk/18749/1/Никола%20В.%20Димитров%2CГЕОГРАФИЈА%20НА%20НАСЕЛБИ-Општина%20Демир%20Хисар.pdf. 
  3. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред. Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 25. ISBN 978-608-65143-2-7. http://www.kovz.gov.mk/WBStorage/Files/karta%20i%20tekst%20spoeno.pdf.