Црква „Св. Ѓорѓи“ - Цапари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Ѓорѓи
Македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Местоположба
Населено место Цапари
Општина Битола
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Ѓорѓи
Изградба 1888
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Свети Ѓорѓи – православна црква во близина на битолското село Цапари, дел од Преспанско-пелагониската епархија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.[1][2]

Во близина на црквата Св. Ѓорѓи се наоѓа малата еднокорабна црква црква Св. Атанасиј и импресивниот манастирски комплекс Св. Петка.

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата е изградена во 1888 година. На нејзино место претходно постоела постара црква, за што сведочи богатата збирка на икони датирани од 18 и 19 век. Храмот е живописан во 1890 година од дебарскиот мајстор Јосиф Мажовски.[1]

Во дворот на црквата Св. Ѓорѓи видливи се голем број на гробови на војници од бугарската војска, кои загинале во близина на село Цапари за време на Првата светска војна. Во близина на селото се наоѓаат и бугарски воени гробишта од овој период.

Архитектура[уреди | уреди извор]

Во архитектонски поглед, црквата е трикорабна.

Туризам[уреди | уреди извор]

Националниот парк Пелистер пристапи кон обележување и уредување на пешачка патека која на сите вљубеници во природата и почитувачи на културното наследство ќе им овозможи обиколка на црквите и манастирите во потпелистерските села. Првиот дел од патеката започнува од селото Трново и води преку селата Магарево и Ротино до селото Цапари, додека нејзиниот втор дел минува крај црквите и манастирите во селото Маловиште.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Св. Ѓорѓи село Цапари“. Bitola.info. Посетено на 8 јануари 2020.
  2. „Манастирот Св. Петка - Цапари“. Македонска нација. 14 јуни 2017. Посетено на 8 јануари 2020.
  3. Цркви и манастири во Националниот парк Пелистер на семрежното место на Молика