Црква „Св. Ѓорѓи“ - Смилево (селска)
Свети Ѓорѓи | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Крушевско-демирхисарска |
| Парохија | Демирхисарска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°9′15.7″N 21°6′39″E / 41.154361°N 21.11083°E |
| Место | Смилево |
| Општина | Демир Хисар |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Ѓорѓи |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | трикорабна базилика |
Свети Ѓорѓи (позната и како Свети Ѓорѓија) — главна селска црква во демирхисарското село Смилево, сместена на височинка во селото.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата била изградена во 1911 година, една година пред завршување на отоманското ропство.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата е прилично голема и во основа претставува трикорабна градба со полукружен дрвен средиштен свод и покриени странични бродови. Поседува петострана апсида со слепи аркади од надворешната страна.[2]
Црквата поседува три влеза и големи пространи прозорци, поставени во два реда на северниот и на јужниот ѕид. Ѕидовите се од кршен камен, а на фасадата се обработени со фугирање. Има покрив на две води и истиот е од ќерамиди, но најверојатно првично бил од плочи. Отворите, венецот и апсидата се изработени од делкан камен.[2]
Во внатрешноста црквата има галерија.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Камбанаријата
- Апсидата
- Камбанаријата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Смилево“. Мој Роден Крај. Архивирано од изворникот на 2018-08-17. Посетено на 11 март 2020.
- 1 2 3 4 Димитров; Никола (2017). Географија на населби : општина Демир Хисар. Битола. ISBN 978-608-65616-4-2. Архивирано од изворникот на 2020-04-17. Посетено на 2020-03-11.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Ѓорѓи“ - Смилево (селска) на Ризницата ?


