Црква „Свети Спас“ на Нередица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Црква „Свети Спас“ на Нередица
Церковь Спаса на Нередице
Фотографија на црквата со камбанаријата од 1900 година
58°29′51″ СГШ; 31°18′41″ ИГД / 58.4975° СГШ; 31.31139° ИГД / 58.4975; 31.31139Координати: 58°29′51″ СГШ; 31°18′41″ ИГД / 58.4975° СГШ; 31.31139° ИГД / 58.4975; 31.31139
МестоВелики Новгород
Земја Русија Русија
ВероисповедРуска православна црква
ПорталОфицијално мрежно место на црквата
Историја
Основана1198 (1198)
Основач(и)Јарослав Владимирович
Посветена наПреображение Господово
Чувани моштиАфанасиј Данилович
Архитектура
Статусмузеј
Кучтурнонаследна категоријаСпоменик на културата од исклучително значење
Прогласена1992
Физички особености
Сводови1

Црква „Свети Спас“ на Нередица (руски: Церковь Спаса на Нередице) – православен храм на Руската православна црква посветен на преображението Господово. Храмот се наоѓа на околу 1,5 км јужно од градот Велики Новгород во селото Спас-Нередици, на десниот брег на реката Мал Волховец.

Од 1992 година црквата се наоѓа во списокот на „Светското наследство на УНЕСКО“ како дел од комплексот „Историски споменици на Новгород и околината“. Храмот исто така се наоѓа на списокот на културното наследство на Руската Федерација под број 5310113002.[1]

Историјат и архитектура[уреди | уреди извор]

Црквата била изградена во 1198 година под ктиторство на новгородскиот кнез Јарослав Владимирович како помен на двајца негови настрадани синови. Градежните работи завршиле за помалку од година дена, а веќе наредната 1199 година, црквата била фрескописана. Црквата во Втората светска војна била на самата линија на борбените дејства и претрпела значителни оштетувања, а првобитните оригинални фрески се изгубени во неповрат (останал само мал сегмент на западниот ѕид). Занимливо е дека целата внатрешност на црквата била фрескописана, а на нивна изработка работеле и до десет мајстори фрескописци во различни стилови. Фреската на црковниот ктитор, кнезот Јарослав, дополнително е додадена на јужниот ѕид во 1246 година.

Фреските од оваа црква се сметаат за најубави и најдрагоцени примероци на руското средновековно фрескосликарство. Акварелните копии на фреските кои ги направил сликарот Николај Мартинов (1842 – 1913) биле изложени на Светската изложба во Париз во 1867 година каде биле наградени со бронзен медал. [2] Првата голема реставрација на фреските била извршена во текот на 1903 и 1904 година, а во работата учествувал и во тоа време еден од најголемите руски сликари Николај Рерих.

Нередичката црква е изградена во четириаголна форма со четири основни столба, една купола и 3 апсиди на источната страна. Ваквиот вид на црковна архитектура бил типичен за подрачјето на Новгород во текот на XII век.

Благодарени на археолошките истражување извршени во внатрешноста на црквата во текот на 2001 година откриени се фрагменти од оригинално житие од 1199 година, а пронајдена е и гробницата на кнезот Афанасиј Данилович кој е тука погребан во 1322 година.[3]

Целосната архитектонска реставрација на храмот е завршена во текот на 2004 година. Денес овој храм главно служи како музејски објект.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Культурное наследие Российской Федерации объект № 5310113002
  2. Копии фресок (рус). Мультимедийная информационная система «Архитектура и настенная живопись новгородской церкви Спасо-Преображения на Нередице».
  3. Раскопки в церкви Спаса на Нередице

Надворешни врски[уреди | уреди извор]