Ктитор
Изглед
Ктитор[1][2] (грчки: κτήτωρ; грузиски: ქტიტორი, ктитори; романски: ctitor) ― збор што значи „основач“ односно титула давана во средниот век на давателот на средства за изградба или преизграба на православна црква или манастир, за дарување икони, фрески и други уметнички дела. Бил користен во средновековната римска сфера. Латински односно католички еквивалент на поимот е донатор. Во времето на основањето, ктиторот често издавал типик и бил илустриран на фрески („ктиторски портрет“). Женскиот облик е ктиторица (грчки: κτητόρισσα, ктиториса).
Наводи
[уреди | уреди извор]Извори
[уреди | уреди извор]- Thomas, John P. (1987). Private Religious Foundations in the Byzantine Empire. Washington, D.C.: Dumbarton Oaks. ISBN 9780884021643.
- Geoffrey Wainwright (2006). The Oxford History of Christian Worship. Oxford University Press, USA. стр. 287–. ISBN 978-0-19-513886-3.