Црква „Раѓање на Пресвета Богородица“ - Пекљани
Раѓање на Пресвета Богородица
| |
селска црква во Пекљани | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Кочанско |
Парохија | Блатечка |
Местоположба | |
---|---|
Место | Пекљани |
Општина | Виница |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Пресвета Богородица |
Изградба | 1913 |
Осветување | 1974 од Митрополит Злетовско-струмички Наум |
Живопис | нема |
Зограф | непознат |
Водство | свештеник Орце Пешов |
Архитектонски опис |
„Раѓање на Пресвета Богородица“ — верски храм кој се наоѓа во село Пекљани, Општина Виница.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата Св. Пресвета Богородица (Мала Богородица) во с. Пекљани е изградена како еднокорабна градба од жителите на селото во 1913 година, на местото каде имало џамија која селаните ја запалиле и срушиле во 1912 год. На истото место претходно постоела постара црква која Турците ја срушиле. Годината на изградба е врежана во ѕидот на црквата над влезната врата. Црквата има повеќе предмети од периодот пред да се изгради, меѓу кои е сребрениот крст на кој е напишана годината на изработка 1890 година и дарителите. Тоа е потврда дека на ова место пред да се разруши џамијата постоела христијанска црква.[1]
Живопис
[уреди | уреди извор]Храмот не е фрескоживописан. Иконите и иконостасот се завршени во 1930 година од кочански уметници и Ѓорѓи Зографски од Велес кој се потпишал на иконата “Рождество на Пресвета Богородица’’. Иконостасот во црквата е направен на 4 спрата во кој се сместени 61 икона.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Музеј Виница“. Архивирано од изворникот на 2011-11-02. Посетено на 2011-10-31.