Црвеночелна козица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Црвеночелна козица
Kakariki.jpg
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Папагаловидни
Семејство: Папагали
Потсемејство: Вистински папагали
Род: Козица
Вид: Црвеночелна козица
Биномен назив
Cyanoramphus novaezelandiae
(Sparrman, 1787)
Жолта мутација

Црвеночелна козица (науч. Cyanoramphus novaezelandiae) — вид мали папагали од Нов Зеланд. Ова е еден од трите вида козици познати во маорскиот јазик како „какарики“ (kākāriki).

Примероци од ова животно може да се видат во Зоолошката градина во Скопје.[2]

Исхрана[уреди | уреди извор]

Се хранат со семки, месести плодови, бобинки, оревести плодови и други делови од растенијата.

Распространетост[уреди | уреди извор]

Некогаш биле многу чести ширум Нов Зеланд и околните острови the islands and mainland of New Zealand. Во 1880-тите нивниот број бил многу голем, но денес се исчезнати на главниот дел на Нов Зеланд и се среќаваат само на Стјуартовиот Остров (Ракиура) и некои пооддалечени острови (како Капити, Тиритири Матанги[3] и Матиу (Сомс) како и групата Кермадек на север, на Оклендските Острови на југ и Четемските Острови на исток. Биолозите понекогаш ги делат на два подвида.

Состојба и заштитен статус[уреди | уреди извор]

Според МСЗП, црвеночелната козица е ранлив вид (VU) бидејќи преостанатите гупи од единки се многу раздалечени една од друга.[4] Нивното изумирање на главните новозеландски острови (Северниот и Јужниот) се должи на немањето на одбранбен механизам од доведените видови, особено од ласиците, стаорците и посумите.

Одгледување[уреди | уреди извор]

Црвеночелната козица често се одгледува меѓу ентузијастите и важи за еден од полесните видови за чување. Добиени се неколку бојни мутации како жолта, циметна и црно-бела.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BirdLife International (2012). Cyanoramphus novaezelandiae. Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2012.1. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 16 July 2012.  (англиски)
  2. „Птици“. Зоо Скопје. конс. 4 јуни 2015. 
  3. „Tiritiri Matangi Island - Birds“. конс. 2009-04-26. 
  4. BirdLife International (2007) Species factsheet: Cyanoramphus novaezelandiae.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]