Црвена верверица
| Црвена верверица | |
|---|---|
| Научна класификација | |
| Царство: | Животни |
| Колено: | Рбетници |
| Класа: | Цицачи |
| Ред: | Глодачи |
| Семејство: | Верверици |
| Род: | Верверица |
| Подрод: | Верверица |
| Вид: | Црвена вервериза |
| Научен назив | |
| Sciurus vulgaris Линеј, 1758 | |
| Распространетост на црвената верверица | |
Црвена верверица или обична верверица (науч. Sciurus vulgaris) — еден од видовите на верверици. Тоа е животно кое живее на дрва, сештојад, глодач кој е раширен по Евроазија, вклучувајќи ја Македонија.[2]
Опис
[уреди | уреди извор]Црвената верверица има типична должина на главата и телото од 19-23 см, и на опашката 15-20 см, тежина од 250/340 гр. Не е полово диморфна, т.е. мажјаците и женките се со иста големина. Се смета дека долгата опашка им помага да ја одржуваат рамнотежата и правецот при скокање и качување по дрвата, а и се покриваат со неа за да се загрејат додека спијат. Крзното варира според годишните времиња и географски, од црно до црвено. Долната страна им е секогаш посветла до бела. Крзното го менуваат двапати годишно, од потенко летно во подебело зимско и со подолги влакна на ушите.
Како и сите верверици, има остри свиени канџи со кои се качува и симнува од стебла, тенки гранки, па дури и ѕидови од куќи. Силните задни нозе ѝ овозможуваат да прави долги скокови помеѓу дрвата. Исто така, знае и да плива.
Распространетост
[уреди | уреди извор]Црвените верверички заземаат бореални, иглолисни шуми во северна Европа и Сибир, претпочитајќи бел бор, европска смрека и сибирски бор. Во западна и јужна Европа ги има во широколисни шуми каде мешавината на видови дрвја и грмушки обезбедува подобар извор на храна во текот на целата година. На повеќето британски острови и во Италија, широколисните шуми сега се помалку соодветни поради подобрата стратегија за хранење на внесените сиви верверички.[3]
Размножување и смртност
[уреди | уреди извор]Парењето настанува или во доцна зима (февруари-март) или во лето (јуни-јули). Женката може годишно да одгледа до две легла. Во секое легло се раѓаат по три до четири млади, иако се забележани и случаи со по шест. Бременоста трае 38-39 дена. Младите ги чува мајката, бидејќи се раѓаат беспомошни - слепи и глуви, и тежат околу 10-15гр. Крзното на младите им израснува до 21. ден, очите им се отвораат по 3-4 недели, а забите им растат до 42. ден. После тоа младите верверици можат да јадат и тврда храна, и го напуштаат гнездото во потрага по храна, но се враќаат да цицаат кај мајката додека не достигнат возраст од 8-10 недели.
За време на парењето мажјаците ги откриваат женките кои се во овулација по мирисот, и иако нема додворување, мажјаците ги бркаат женките и по цел час пред половиот однос. Обично повеќе мажјаци бркаат една женка, сѐ додека доминантниот мажјак, обично најголемиот во групата, ќе има полов однос. Мажјаците и женките се парат повеќепати со различни партнери. Типично, женката е сексуално зрела во втората година од животот.
Животниот век на црвената верверица изнесува во просек 3 години, некои единки може да достигнат и 7 години, дури и 10 во заточеништво. Преживувањето е поврзано со достапноста на храна во зима, во просек 75-85% од младите умираат во текот на својата прва зима, а смртноста е 50% за секоја зима после првата.[4]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Единка во Зоо Скопје
Профил на Евроазиска црвена верверица во сиво зимско крзно Две недели стара верверица Црвена верверица плива во Онтарио, Канада Црвена верверица се покрива со опашот во Турку, Финска
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Sciurus vulgaris“. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 2002. Посетено на 11 мај 2006. Database entry includes a brief justification of why this species is near threatened
- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Верверички“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)
- ↑ Forest Research – UK Red Squirrel Group – Red squirrel facts Архивирано на 8 јули 2017 г.. Forestry.gov.uk. Посетено на 5 мај 2021.
- ↑ Gurnell, J. 1983, Squirrel numbers and the abundance of tree seeds. Mammal Review. 13:133–148
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- ARKive Архивирано на 9 мај 2008 г. фотографии и снимки.
- WildlifeOnline - Natural History of Tree Squirrels.