Цветан Попов

Од Википедија — слободната енциклопедија

Цветан Додев Попов ( 1917 во Раштак, Скопско19 март 1945 во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Завршил основно училиште. Се занимавал со земјоделство и чување на добиток. Во септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во борбите против балистите и Германците на падините на Скопска Црна Гора. По ослободувањето на Скопје учествувал во борбите што се воделе за ликвидирање на разбиените балистички банди, на Косово. Потоа заминал за Срем, каде успешно завршил воена обука, совладувајќи го ракувањето со новоприменото оружје. Поради вонредни физички напори се разболел, по што бил упатен во болница на лечење. Меѓутоа, на 19 март 1945 година починал. Неговите посмртни останки биле пренесени и погребани во неговото родно село, Раштак.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 116. На |first= му недостасува |last= (help)