Прејди на содржината

Христијанството во Гамбија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Катедрала Св. Марија во Банџул.
Катедрала на Нашата Мајка во Банџул.
Внатрешноста на методистичка црква во Серекунда.

Христијатнството во Гамбија е втората најголема религија во земјата и претставува околу 8 проценти од вкупното население или околу 136.000 Христијани. Гамбија има население од околу 1.705.000 жители[1] - 2009 est.)

Гамбија нема официјална религија, но сепак најголема е Исламот.[2] Околу 90% од населението на Гамбија се Муслимани. Гамбија гарантира слобода на верско изразување.[3] Христијаните, кои воглавно се наоѓаат во јужните и западните делови од земјата, се најмногу припадници на Римокатоличката црква, но има и Протестанти, англиканци, Методисти, Баптисти, Јеховини сведоци и останати христијански групации.[2] Во Гамбија зачестени се браковите меѓу Христијаните и Муслиманите.[2] Во некои делови овие две религии се споени преку анимизмот.[2]

Римокатоличка црква

[уреди | уреди извор]

Во 1931 година била основана римокатоличка мисија во Гамбија. Во 1951 година мисијата била промовирана во Апостолска префектура, а во 1957 во бискупија, денес позната како Бискупија на Банџул. Денес има околу 42.000 Католици во државата[4]. Бискупијата е поделена на 56 парохии. Бискуп на Банџул е Роберт Елисон.

Англиканска црква

[уреди | уреди извор]

Англиканската црква во Гамбија била основана во 1935. Прв бискуп бил Џон Дели. Териториите на Гамбија, Сенегал и Зелениот ’Рт се дел од Англиканската бискупија на Гамбија. Моментален бискуп е Соломон Тилева Џонсон.

  1. Department of Economic and Social Affairs Population Division. "World Population Prospects, Table A.1" (.PDF). 2008 revision. United Nations.  (консултирано на 2009-03-12)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 International Religious Freedom Report 2007: Gambia. United States Bureau of Democracy, Human Rights and Labor (September 14, 2007). Статијава содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.
  3. „CHAPTER IV - PROTECTION OF FUNDAMENTAL RIGHTS AND FREEDOMS“. Constitution of the Republic of The Gambia. 1997. Посетено на 2009-01-14.
  4. http://www.catholic-hierarchy.org/diocese/dbnjl.html www.catholic-hierarchy.org

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]