Христијанство во Нигерија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Христијанството во Нигерија е доминантна религија во земјата. Христијаните во земјата сочинуваат од околу 40%[1] и 50.8%[2] од вкупното население. Христијаните се доминантни во јужните и централните делови на Нигерија. Нигерија го има најголемото христијанско население од која било африканска држава, односно над 80 милиони Христијани.[2] Во 1953 година Христијаните биле 21.4% а во 2010 50.8%.[2] Христијаните во централните и северните делови на Нигерија се соочиваат со прогон од страна на Муслиманите, особено по воведувањето на шеријатот во некои нигериски сојузни држави.[3] Забележани се убиства, насилства и малтретирања врз Христијаните.

Цркви[уреди | уреди извор]

Католичка црква на Нигерија[уреди | уреди извор]

Католичката црква во Нигерија има голем број свои верници. Во 2005 година се проценувало дека во Нигерија има 19 милиони крстени Католици.[4] Архибискупиите се: Абуџа, Бенин Сити, Калабар, Ибадан, Џос, Кадуна, Лагос, Онитша и Овери.[5] Црквата има над30 милиони членови во државата.[6] Кардинал од Нигерија е Франсис Аринзе.[7]

Прогон на Христијаните во Нигерија[уреди | уреди извор]

Во северните и централните делови на земјата забележан е жесток прогон на христијанското население, особено од страна на муслиманите. Односите меѓу двете верски заедници се лоши и забележани се убивања на Христијани уште од 1999 година.[8] За време на немирите во Џос стотици лица настрадале.[9] Официјалните проценки велат дека 500 лица биле масакрирани од муслиманските банди.[10]

Во март 2010 за време на судирите меѓу верските заедници биле убиено најмалку 200 лица, повеќето Христијани. На сличен начин во 2008 година биле убиени над 300.[11] Исто така, за време на Божиќ во 2011, исламската секта Боко Харам бомбандирала католичка црква во близина на Абуџа и убиле над 30 лица. Според BBC за време на Божиќ во 2012 биле убиени 6 Хрстијани и нивната црква била запалена.[12]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. CIA The World Factbook - Nigeria
  2. 2,0 2,1 2,2 „Global Christianity: Regional Distribution of Christians“. Pew Research Center. December 19, 2011. конс. August 11, 2013. 
  3. Ismene Zarifis (2002). „Human Rights Brief: Rights of Religious Minorities in Nigeria“. 
  4. Craig Timberg, "Nigeria's Spiritual Rainmaker is Eyed at Vatican," Washington Poet, 17 April 2005, A1
  5. „Current Dioceses in Nigeria (Catholic Hierarchy)“. 
  6. Timberg, Craig. „Washington Post“, „The Washington Post“, 17 април 2005 (посет. 30 април 2010 г).
  7. Carroll, Rory. „The Guardian profile: Cardinal Francis Arinze“, „The Guardian“, 3 октомври 2003 (посет. 30 април 2010 г).
  8. Malkin, Michelle (2006-02-19). „Muslims Kill Christians In Nigeria“. Michelle Malkin. конс. 2010-05-16. 
  9. „Nigeria violence: Muslim-Christian clashes kill hundreds“. CSMonitor.com. 2010-03-08. конс. 2010-05-16. 
  10. 500 butchered in Nigeria killing fields“, „The Times“, 8 март 2010 (посет. 30 април 2010 г).
  11. „Machete-wielding rioters kill 200 in Nigeria - World news - Africa“. msnbc.com. 2010-03-08. конс. 2010-05-16. 
  12. Nigeria gunmen 'kill at least six Christians' in Yobe, BBC News, 25 December 2012[1]