Хофманови приказни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Les contes d'Hoffmann
Хофманови приказни
Фантастична опера од Жак Офенбах
Сцени од париската премиера
ЛибретистЖил Барбие
Јазикфранцуски
Засновано наТри раскази од Ернест Теодор Хофман
Премиера
10 февруари 1881 (1881-02-10)

Хофманови приказни (француски: Les contes d'Hoffmann) — фантастична опера во три чина со пролог и епилог на францускиот композитор Жак Офенбах. Либретото го напишал од Ж. Барбие, врз основа на драмата на M. Каре и врз основа на три раскази од германскиот писател Еренест Теодор Хофман. Во операта, тој станува главен лик.

Офенбах боледувал од гихт. Свесен за сопствената смртност, тој страсно сакал да живее доволно долго за да ја заврши својата опера. Смртта го престигнала; го испуштил вокалниот дел и првите чекори во оркестрацијата. Ернест Гиро, семеен пријател, потпомогнат од 18-годишниот син на Офенбах, Огист, ја завршиле оркестрацијата и направиле многу промени. Така, премиерата била одржана во париската Опера комик на 10 февруари 1881 година, во тоа време без третиот, венецијански чин. Во верзијата што ја знаеме денес, операта првпат била изведена на 7 декември истата година.

Во Македонија за првпат била изведена во 1965 година. [https://kanal5.com.mk/-hofmanovi-prikazni-za-pochetok-na-41-majski-operski-vecheri/a172886 „Хофманови приказни“ за почеток на 41. Мајски оперски вечери]

Лица[уреди | уреди извор]

  • Хофман, поет - тенор
  • Олимпија, кукла - сопран
  • Џулиета - сопран
  • Антонија, млада пејачка - сопран
  • Кохинеална - тенор
  • Питикиначо - тенор
  • Франц - тенор
  • Копелиус - бас
  • Дапертуто - бас
  • Миракел, доктор - бас
  • Николај, пријател - мецосопран
  • Гласот на мајката - алт
  • Спаланцани - тенор
  • Натанаел, студент - тенор
  • Креспел, таткото на Антонија - бас
  • Лутер - бас
  • Херман, студент - бас
  • Шлемил - бас
  • Студенти, гости и слуги.

Содржина[уреди | уреди извор]

Пролог[уреди | уреди извор]

Лутерова пивницa

Тајниот градски советник Линдорф извлекува од Андреј писмо напишано од пејачката Стела Хофман, во кое таа му го испратила клучот од својата соба. Бидејќи самиот Линдорф е заљубен во неа, тој го задржува писмото. Во меѓувреме, влегува Хофман, кој доаѓа од театарот каде Стела штотуку ја отпеа улогата на Дона Ана во „Дон Жуан“. Група студенти почнуваат да пијат. Хофман пее весела студентска песна и почнува да сонува за својата љубов по неколку стихови. Забележувајќи го Лимдорф во аголот од собата, тој му кажува на друштвото дека овој човек секогаш го следи и секогаш му носи несреќа во љубовта. Потоа почнува да ги раскажува своите љубовни авантури.

Прв чин[уреди | уреди извор]

Кабинетот по физика на Спаланцани

Спаланцани направил механичка кукла, која ѝ ја подарува за својата ќерка Олимпија. Во тоа му помогнал Копелиус со неговите волшебнички способности така што на куклата ѝ направил очи. Хофман се вљубува во куклата и покрај исмевањето на неговиот пријател Николај. Влегува Копелиус и му продава на Хофман очила низ кои сè гледа розово. Копелиус потоа му ги отстапува сите права на пронајдокот на Спаланцани. На сите гости им ја претставува Олимпија како ќерка. Куклата пее арија, а Спаланцани ја навива постојано како часовник. Хофман ѝ ја открива својата љубов на Олимпија, танцува со неа сè побрзо и побрзо додека не колабира од исцрпеност. Механизмот на куклата исто така застанува. Во меѓувреме влегува Копелиус бесен, кого Спаланзани го измамил со безвредна меница. Во знак на одмазда ја крши куклата и сега Хофман ја сфаќа својата грешка.

Втор чин[уреди | уреди извор]

Соба во Сент Креспел

Ќерка на Креспел е Антонија, некогаш позната пејачка која повеќе не смее да пее бидејќи е смртно болна. Влегуваат Хофман и Николај. По средбата со Антонија, Хофман се заљубува во тажната и невина девојка. Се појавува мистериозниот доктор Миракел, но Креспел не го пушта во собата. Сега и Хофман ја замолува Антонија да не пее повеќе, што таа и му ветува. Повторно се појавува доктор Миракел, свири на ѓаволска виолина и ја оживува сликата на мајката на Антонија на ѕидот. Сликата со огромна моќ ја повикува Антонија кај неа. Така докторот успева да ја натера Антонија да пее. Антонија пее и паѓа мртва. Хофман и нејзиниот вознемирен татко клекнуваат покрај нејзиниот труп.

Трет чин[уреди | уреди извор]

Венецијанска ноќ кај Џулиета

Сопруг на Џулиета е Питер Шлемил, човек без сенка. Хофман се вљубува во Џулиета, а неговиот пријател Николај повторно го предупредува. Таинствениот Дапертуто ја убедува Џулиета да ја земе сликата во огледалото на Хофман, исто како што претходно ја донела сенката на Шлемил кај Дапертуто. Џулиета му го ветува на Хофман клучот од нејзината соба, кој треба да го земе од Шлемдл. Има дуел помеѓу Хофман и Шлемил. Шлемихл паѓа, а Хофман и Николај бегаат. Во последен момент, Хофман ја гледа Џулиета како заминува во прегратките на друг.

Епилог[уреди | уреди извор]

Назад во подрумот на Лутер.

Учениците со интерес го слушаат раскажувањето на Хофман. Хофман е веќе многу пијан кога Линдорф влегува со пејачката Стела и го покажува снеможениот Хофман. Стела заминува со Линдорф, а учениците уште еднаш ја пеат својата весела песна.

Музички примери[уреди | уреди извор]

  • Баркарола [1]
  • Арија од Олимпија [2]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Хофманови приказни на Ризницата ?
  • Les contes d'Hoffmann на Проектот „Гутенберг“: libretto of a modified version (as first performed in the USA) in French and English
  • Analysis of The Tales of Hoffman in The Ultimate Art, Chap. 13: "The Odd Couple: Offenbach and Hoffmann"
  •  Lewis M. Isaacs (1920). „Tales of Hoffman (англиски)“. Encyclopedia Americana.
  • Reviews of current and past productions of The Tales of Hoffmann since 2007 (mainly in German)