Хемотерапија на злоќудни заболувања

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во основа, лековите би требало да ги лечат пациентите болни од некоја злоќудна болест целосно, односно да ги излекуваат. За жал, денешната состојба не е таква. Најголем број лекови кои денеска се во употреба се пронајдени емпириски. Во последниве 20 години се вршени интезивни испитувања на овој план, така што бројот на расположливите средства е многу голем. Идеално антиканцерското средство би било она кое би ги уништувало само злоќудните клетки, без да ги напаѓа здравите клетки. Но денеска такво средство не е пронајдено.

Wilmisov тумор кај деца

Доста поволни резултати се добиени со едновремена употреба на повеќе лека, евентуално плус радиотерапија. Новите информации за кинетиката на здравите и злоќудните клетки делумно го објаснуваат ограниченото дејство на овие лекови. Така на пример, еден пациент волен од леукемија може да има еден трилион канцерски клетки дистрибуирани во разни ткива на организмот. Ако дадениот лек уништ 99,9% од овие канцерски клетки без да предизвика нетолерантна токсичност во организмот, ќе настапи значително подобрување на состојбата на болниот и бројот на туморските клетки ќе се редуцира од еден трилион на еден билион. Во случај на една бактериска инфекција, во ваква ситуација тоа значи и излекување, бидејќи одбранбените механизми на организмот сами ќе ги совладаат бактериите. Овој проблем би се совладал со давање на повеќе лекови со разни механизми на дејство и токсичност, како што тоа веќе е покажано во терапијата на туберкулоза, поради што се користат едновремено повеќе лека. За жал, ова засега не е постигнато во терапија на злоќудните заболувања, иако теориски е можно. Ова се должи на кумулативното токсично дејство на лековите кои се даваат заедно. Во последно време се бараат лекови кои ќе се даваат во комбинација но кои немаат кумулативно токсично дејство врз здравите клетки, а ќе имаат адитивен или синергичен ефект врз здравите клетки, а ќе имаат адитивен или синергичен ефект врз канцерските клетки. На овој план веќе има некои резултати. Хемотерапијата која денеска секористи се смета дека сепак може да ги излекува некои пациенти од одредени злоќудни заболувања, а тука би спаѓале:Horiokaricinom, кај жени, Burkit-ov лимфом, Wilmsov тумор кај деца, некои случаи на Hodgkin-ова болест, а можеби некои остеогени саркоми, некои тестикуларни тумори, а понекогаш акутна леукемија кај деца. Поделба на хемотераписките средства:

  • Средства кои дејствуваат преку алкилизација
  • Антиметаболити (структурни аналози на метаболитите)
  • Билни алкалоиди и нивни деривати
  • Антибиотици
  • Хормони
  • Радиоактивни изотопи (не се хемотерапеутици)

Средства кои дејствуваат преку алкилизација[уреди | уреди извор]

Тоа се средства кои вршат пренесување на алкални групи на биолошките важни клеточни компоненти, чија функција тогаш се оштетува. Најголем број од овие средства се ефикасни во оние злоќудни заболувања каде што делењето на клетките се одвива побавно. Нивната токсичност е пропорционална со дадените дози и се манифестира врз хемотопоетичното ткиво, гастроинтестиналниот тракт и гонадите. Најголема примена наоѓаат во терапијата на крвни злоќудни заболувања, како и за лекување на солидни тумори. Најчесто се користат во комбинација со повеќе лекови едновремено. Меѓу поважните лекови од оваа група спаѓаат следниве.

Hloretazin (Antimit). Chlorethazin[уреди | уреди извор]

Наоѓаат примена во терапија на Ходгин-овата болест, Лимфосаркоми, Полицитемиарубра вера, хронична лимфатична леукемија.

Хронична лимфатична леукемија

Хлорамбуцил (Chloramgucil) (Leukeran)[уреди | уреди извор]

Наоѓаат примена во терапија на лимфатична леукемија, Лимфосарком, Карцином на овариум и Ходгкин-овата болест.

Циклофосфамид (Cyclophosphamid) (Endoxan)[уреди | уреди извор]

Се користи во терапија на Ходгкин-овата болест, Лимфосарком, Полицитемиа рубра вера, хронична лимфатична леукемија.

Алкеран (Alkeran)[уреди | уреди извор]

Во терапијата на Меланом и Мултипен милелом.

Тетрилмеламин (Triethylmelamin) (TEM)[уреди | уреди извор]

За лекување на хронична миелоична леукемија, карцином на овариум, карцином на дојките, карциноми на ЦНС.

Бусулфан (Busulfan) (Myleran)[уреди | уреди извор]

Се користи за лекување на хронична миелоична леукемија.

Антиметаболити (структурни аналози на метаболитите)[уреди | уреди извор]

Механизмот на дејствувањето на овие лекови се засновува врз следново : Тие ги заменуваат нормалните метаболити во метаболните процеси на злоќудните и здравите клетки, поради што ги чинат молекулите на клетките функционално абнормални, односно неспособни за репродукција. Поважни претставници на оваа група лекови се следниве.

Метотрексат

Метотрексат (Methotrexat)[уреди | уреди извор]

Се користи во терапија на акутни леукемии кај деца и Хориокарциом.

Метотрексат

Пурински аналози (6- Меркаптопурин) (6-Mercaptopurin) (Purinetol)[уреди | уреди извор]

Се користи во терапија на акутна лимфатична леукемија, хронична миелонична леукемија, Хориокарциом.

Пиримидински аналози (5-Флуороурацил) (5-Fluorouracil)[уреди | уреди извор]

Доста токсичен се користи во терапија на карциноми на дојките и гастроинтестиналниот тракт и тоа во напредната фаза.

Билни алкалоиди и нивни деривати[уреди | уреди извор]

Ова се алкалоиди добиени од билката Vinca Rosea.

Винбластин

Нивниот механизам на дејствување не е сосема јасен, но се смета дека се врзуваат за микротубуларните белковини на делбеното вретено, поради што се запира митозара на клетките во метафаз. Во оваа група лекови спаѓаат следниве две средства.

Винбластин (Vinblastin)[уреди | уреди извор]

Ефикасен во терапијата на Hodgakin-овата болест и други лимфоми.

Винкристин (Vincristin)[уреди | уреди извор]

Се користи во терапијата на акутни леукемии, лимфосарком, а со малку послеб успех во терапија на Ходгкин-ова болест.

Антибиотици[уреди | уреди извор]

Од групата на антибиотици ќе ги спомениме следиве лекови.

Дактиномици (Dactinomycin)[уреди | уреди извор]

Се користи во терапија на Хорикарцином, Вилмосов тумор.

Доксорубицин (Doxorubicin)[уреди | уреди извор]

Се користи во терапија на остеогени саркоми, карцином на дојките, доцнежен стадиум на лимфосарком, карцином на овариумот и тестис.

Блеомицин

Митрамицин (Mitramycin)[уреди | уреди извор]

Служи во терапија на карцином на тестис.

Митомицин (Mitomycin)[уреди | уреди извор]

Се користи во терапија на карцином на цервиксот на утерусот.

Блеомицин (Bleomycin)[уреди | уреди извор]

Се користи во терапија на лимфоми и карцином на штитната жлезда

Хормони[уреди | уреди извор]

Во терапијата на одделни злоќудни заболувања се користат машки и женски полни хормони како и гликокортикоидите.

Тестостерон

Естрогените хормони (Stilboestrol)[уреди | уреди извор]

Тие и останатите се користат во терапија на карцином на простатата кај мажи.

Андрогени хормони (Тестостерон - Testesteron)[уреди | уреди извор]

Тој се користи во терапија на карцином на дојките кај жени.

Гликокортикоидите[уреди | уреди извор]

Тие наоѓаат примена во терапија на леукемија и Ходгкиновата болест.

Радиоактивни изотопи[уреди | уреди извор]

Бел фосфор

Тие имитираат β и γ зраци. Меѓу нив најчесто се користат следниве радиоисотопи.

Радиоактивен јод (Ј-131)[уреди | уреди извор]

Најчесто користен лек од групата на изотопите. Се користи во терапија на токсичен аденом на штитната жлезда, како и за корцином на штитната жлезда.

Радиоактивен фосфор (Р-32)[уреди | уреди извор]

Се користи во терапија на злоќудни процеси во коските, цениот дроб, лимфатичното ткиво, слезинката, Полцитемиа руба, хронична леукемија.

Радиоактивно злато (Аu-198)[уреди | уреди извор]

Се користи во терапија на злоќудни процеси во абдоменот.

Компликации во тек на хемотерапијата на злоќудните заболувања[уреди | уреди извор]

Најтешките компликации се резултат на неспецифицното цитотокцично дејство на овие лекови врз коскениот мозок, како и поради нивното имуносуперсивно дејство. Овие две дејства го чинат многу осетлив кон инфекции, дури и кон оние микроорганизми кои во нормални услови не се патогени. Најчести несакани дејства при употреба на овие лекови се следниве.

Гастриоинтестиналини компликации[уреди | уреди извор]

Губење апетит, гадење, повраќање и проливи.

Коскен мозок[уреди | уреди извор]

Анемиа, леукопенија или агранулоцитоза се многу чести и се главни причини за зголемување на осетливост кон инфекции

Имуносупресија (смалување на имунитетот)[уреди | уреди извор]

Поради голем број лекови од оваа група имаат имуносупресивно дејство, односно доведуваат до супресија на лимфоцитната продукција, едновремено ја депримираат и функцијата на лимфоцитите. Поради сето ова, клеточниот имунитет е смален или наполно исклучен. Поради тоа пациентот е многу осетлив кон вирусни, инфекции и инфекции предизвикани од габи и бактерии.