Хелер (музичка група)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хелер
Биографски податоци
ПотеклоБелград, Србија, Југославија
ЖанровиТреш метал, спид метал
Период на активност1985–1993, 2013–сѐ уште
ИздавачиGhost House, Take It Or Leave It, Rock Express
СоработнициAmnesia, Brainstorm, Rapidforce, Sick Mother Fakers
Членови
Aтила Милојковиќ
Дејан Чворовиќ
Сенад Прашовиќ
Зоран Данков
Хогар
Поранешни членови
Коста Богдановиќ
Зоран Миладиновиќ
Дарко Смуков
Саша Ѓаковиќ

Хелер — српска треш метал музичка група основана 1985 година во Белград. Групата била еден од првите претставници на екстремниот метал во поранешна Југославија, а нивниот истоимен деби албум еден од првите треш метал албуми во југоисточна Европа.

Групата во 1985 ја основале Атила Милојковиќ (ритам гитара и вокали), Коста Богдановиќ (водечка гитара), Зоран Миладиновиќ (бас гитара), и Саша Ѓаковиќ (тапани). Првиот настап во живо го имале 1986 на „Хит 202“ во белградскиот Дом на млади заедно со групи од Риека, Загреб, и Дубровник. Хелер претрпел измени во поставата бидејќи Миладиновиќ заминал на отслужување воен рок, а како нов басист бил поставен Дејан Чворовиќ. Во меѓувреме и Богдановиќ си заминал, а на негово место дошол гитаристот Дарко Смуков.[1]

Сенад Прашовиќ дошол во групата во 1988 како фронтмен, па Милојковиќ продолжил само како ритам гитарист. Првиот и единствен нивни студиски албум Heller бил издаден 1989 од страна на издавачката куќа Ghost House Records.[2] Албумот содржел 11 нумери, од кои една била инструментална. Текстовите биле на српски јазик, освен песната „Dead or Alive“ која била на англиски. Биле испечатени само 500 примероци, што бил единствен тираж на албумот. Подоцна Хелер настапиле како предгрупа на Destruction во Загреб и Љубљана.

Во 1993 ја издале демо снимката Demo Tape на аудио касета преку издавачката куќа Take It Or Leave It Records. Демото имало седум нумери, од кои едната е снимка од настап во живо. Бендот згаснал истата година. Во 2003 година Rock Express Records на ЦД го реиздале првиот албум на бендот со неколку бонус нумери.[3] Хелер се обединиле во 2013, а како нов член дошол Хогар на тапани. Првиот концерт по обединувањето им бил на „Врачар Рок Фест“ во Белград 2013. Групата во 2014 настапила на фестивалот „Егзит“.[4]

Дискографија[уреди | уреди извор]

  • Heller (1989)
  • Demo Tape (1993)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Rapidforce Biography The Thrash Metal Guide.com
  2. Heller Biography Spirit of Metal.com
  3. Heller Reissue yu4you.com
  4. Veliki povratak Explosive bine na Exit B92.net

Надворешни врски[уреди | уреди извор]