Прејди на содржината

Ханибал Луциќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ханибал Луциќ
Портрет на Ханибал Луциќ
ЗанимањеPoet, playwright
Националностхрватски
Периодренесанса
Книжевно движењеренесанса
Значајни делаRobinja
Jur nijedna na svit vila

Ханибал Луциќ или Annibale Lucio (роден 148514 декември 1553) — хрватски ренесансен поет.

Живот и дело

[уреди | уреди извор]

Ханибал Луциќ е богат човек од Хвар, припаѓал на аристократскиот круг, и бил високо школуван во Падова, Италија. Уште за време на студиите како сопствено кредо ја прифатил идејата дека светот е така создаден што со земјата треба да владее малубројниот благороднички слој и да го држи покорно далеку побројниот низок слој. Во основа, неговата идеологија била феудална.

Кога Ханибал Луциќ имал 30 години, на Хвар се случило народно востание, 1514-1515 година, со разорувачка сила. Ханибал Луциќ како и целото благородништво од Хвар, морал да избега пред налетот на бунтовниците кои уривале сè пред себе, и убивале благородници. Кога по две години се вратил на Хвар, морал да се зафати со обнова на својот имот и пространите лозја, чувствувајќи огромен бес кон таа маса народ која „нема ни рошка разум“, како што велел самиот. Бил голем пријател и соработник на Петар Хекторовиќ и околу нив се собирала цела генерација на приморски книжевници од она време. Одржувал врски и контактирал со сплитските колеги.[1]

Во Падова Ханибал Луциќ почнал да се интересира за книжевноста, и до него доаѓа петрархистичката поезија, преку италијанскиот петрархист Бембо. Кога почнал да ги пишува своите песни „Песни разлике“ (разни песни), тој се сеќава на времето кога бил читател на италијанската поезија. Но, Ханибал Луциќ имал посебен талент, и во своето поестко интересирање ја вклучил народната поезија. Иако е благородник, кој народот го исмева и го смета за неук, тој го прифатил она што народот го создава, и на еден чудесен начин го вградил во својата поезија.

Во своето романтично-историско поетско искажување, под наслов „Робинка“, тој како автор исто така се потпира врз народната поезија, поточно тоа била некоја народна балада, подоцна изгубена и заборавена. Во песната се работи за една девојка која ја грабнале пиратите, а приказната е романтична затоа што од ропството ја ослободува јунакот кој има обележје на принц од бајките.

Творештвото на Ханибал Луциќ не е обемно, но во секој случај е дело кое на приморската книжевност од тоа време ѝ дава еден аристократски навев и префинетост.

  1. Povjest hrvatske književnosti I, Milorad Medini, Naklada "Matica Hrvatska“, 1902, str. 93 - 95.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Викиизвор
Викиизвор
Викиизворот на хрватски има изворна содржина поврзана со оваа статија: