Хамди Дема
Хамди Дема (с. Омеши, Пешкопеја, Албанија, ? - Западна Македонија, 1945) — македонски Албанец, учесник во НОВ.
Хамди Дема бил приврзаник на албанскиот крал Зогу. По окупацијата на Македонија во Втората светска војна, од 1941 до 1943 година бил во служба на италијанските окупатори и на нивните албански сојузници во Македонија. Како капетан на албанската милиција во окупирано Кичево (од 1942 година), формирал Национален албански комитет, кој соработувал со народноослободителното движење (29 јуни 1943). Наскоро побарал да се приклучи кон народноослободителното движење со голем дел од неговите милиционери (јули 1943), а тој бил назначен за командант на Првата оперативна зона на НОВ и ПОМ (13 август 1943) и потоа член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ (септември 1943). Во тоа својство, во октомври 1943 година е еден од потписниците на Манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ.[1] На 7 јули 1944 година бил делегиран за пратеник од Дебар на Првото заседание на АСНОМ. По Ослободувањето бил осомничен за контраразузнавачки активности, поради што бил осуден и во обид за бегство - убиен.[2]